15 May 2009

За потеклото на Македонците и демагогијата на политичарите

Веќе подолго време мислам да објавам еден ваков текст во кој ќе ја покренам темата не за потеклото на денешните етнички Македонци, мнозинскиот народ во денешната Република Македонија туку за демагогијата на некои политичари, за искривувањето на фактите и нивно премолчување заради потребата на актуелните политички случувања.

Како прво, сакам да расчистам една работа за да не мора тоа прашање да се провлекува во целиот текст а тоа е прашањето за етногенезата односно потеклото на денешните Македонци односно моето гледање по тоа прашање! Мислам дека на секој нормален човек му е јасно дека во етногенезата на денешните Македонци имаат учествувано многу народи кои поминале на Балканот низ вековите и дека лудило е да се мисли дека за повеќе од 2000 години во етничката структура на овој народ се нема променето ништо исто како што тоа го прават денешните Грци со своето наводно античко потекло!