20 July 2009

с. Стрновац, Општина Старо Нагоричане

Малку слики од с. Стрновац и с. Старо Нагоричане, Кумановско каде што вчера прошетав. Стрновац е селото каде е роден мојот дедо и немав појдено од летото 2002, значи полни седум години. За ова село можеби сте слушнале за бањата која ја има во него на која јас не обрнав поголемо внимание, се надевам дека ќе ви се допаднат сликите!

14 July 2009

Падот на Византија vs Падот на Европа

Пред 556 години згасна една од Империите со најголем „стаж“ во нам познатата човекова историја, згасна Византија која по падот на Рим во 476 година со својот центар во Константинопол продолжи да постои скоро еден милениум, а сите знаеме што значи 1000 годишен државен континуитет, но како продолжител на Римската Империја како што и самата се нарекува односно како прави Ромеи односно Римјани таа всушност е држава со повеќе од 22 вековна традиција!

Која беше причината за падот на Византија, дали тоа беше економски односно финансиски крах, дали беше крах на политиката, дали Империјата веќе не можеше да го издржи притисокот од т.н. варварски племиња на своите граници или пак опаѓањето на наталитетот на некои свои покраини, клучни за одбраната на Империјата со текот на децениите го земаа својот данок?! Мое мислење е дека сето ова заедно допринесе за падот на Византија односно на Константинопол како нејзино последно упориште!