24 July 2010

А1 телевизија, повторно!

И како што можете да забележите по 3 месеци необјавен текст поради моите професионални обврски, повторно тема на мојов денешен текст е медиумот наречен А1 и неговиот сопственик и моја омилена карикатура Велија Рамковски!
А1 телевизија веќе година дена континуирано ја напаѓа Владата, ВМРО-ДПМНЕ како водечка партија и Премиерот Никола Груевски. Но до пред 2 години не беше така, А1 беше силен промотор на Владините политики, а Велија јавно се фалеше дека Груевски спроведувал негови проекти во земјоделието! Се започна со личната нетрпеливост помеѓу сопственикот на А1, гореспоменатата карикатура Велија Рамковски и уште еден медиумски сопственик, не помалку битен од првиот, сопственикот на Сител телевизија, другарот Љубислав Иванов - Ѕинго! Велија упорно го убедуваше Премиерот дека треба тој со неговата партија која беше толку моќна што не можеше да освои ниту едно пратеничко место да го замени Ѕинго и неговите социјалисти (кои да не влезеа во коалиција пред изборите сигурно ќе ги снајдеше истото), а Велија да го добие Министерството за земјоделие и да продолжи со спроведување на своите „проекти“!!!
Груевски не го прифати предлогот, а Велија не чекаше многу пред да почне да бара свој патрон и очекувано тоа беше староновиот лидер на СДСМ, лицето Б. Ц.
А1 почна јуришна битка против ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а спинувањето на информациите во негативна конотација не можеа да се споредат дури ни со спинувањето кое во позитива го прави спин мајсторот Драган Павловиќ - Латас, кој очигледно е прегазен од комуњарските полтрони на полето на презентација на информацијата на начинот на кој тие сакаат да ја прикажат!
Од тогаш резултатот е очигледен, па така деновиве имаме наслови од типот „Нема старт за преговори со ЕУ“, и текст како „Македонија ќе ги започне преговорите за членство со ЕУ во вторник. Ова ќе беше денешната ексклузивна добра вест доколку спорот за името беше решен, како што се надеваа сите 27 членки на Унијата“, сакајќи да се наметне мислењето колку ни е лошо и како одма треба на колена и да по.ушиме, да не преименувааат како сакаат, да ни го ба.нат по еднаш па се ќе биде супер!
А1 дури се претвори и заштитник на уапсените членови на СДСМ, па дури и на тие кои се обвинети за производство на дрога како самопрогласениот лидер на битолските фармери Душко Илиевски, па почна да прави разни анализи како на пример „А1 анализа за случајот на фармерот Илиевски“ во која со класичен спининг се обидува да се извртат фактите и да се стави целата тежина на тоа дека Илиевски бил најгласниот фармер против власта во случајот „Сведмилк“!
До каде ќе одат со ваквиот начин на дезинформирање на јавноста останува да видиме!