16 October 2011

Коњот и жабата

Видела жабата како го потковуваат коњот, па и таа кренала нога да ја потковаат.
Ова нашево така некако изгледа. СДСМ и останатата бандитска багра упатија лавина критики за проектот „Скопје 2014“, но увидоа дека на народот му се допаѓа тоа што се гради по повеќе од 20 години стагнација и што конечно некој превзема нешто за изгледот на Скопје. Но  не се гради само Скопје како што некој сака да покаже, се гради и во сите други градови во државата.
И градоначалниците од СДСМ земаа да направат нешто и малку да подзамачкаат, колку да имаат да кажат дека и тие граделе! А што граделе?
Карпош, нај урбаната општина во Македонија! Барем Стевчо така сака да се фали. Демек другите биле за никаде а Карпош била нај урбаната општина. СДСМ се бунеа дека времетраењето на изведбата на реконструкцијата на главните улици во Скопје траела недозволиво долго, цел месец  и кусур.
Стевчо реконструира атмосферска канализација на пар улици во Општина Карпош, долга не повеќе од еден километар пола година! Навистина СДСМ знае како да работи и како да исполнува!
Освен за спинување на информации и за пуштање на маалски муабети очигледно и не ги бидува.
Можеби работењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери не е совршено, но е светлосни години пред оние на СДСМ. Мислам дека не треба повеќе да се каже, сами пресудете.

18 September 2011

Говорот на омраза во Македонските навивачки песни!

Најнова преокупација на експертите по се и сешто, луѓето кои се секогаш тука да ни кажат колку сме ние искомплексирани и мали, колку немаме поим како функционира модерниот и развиен свет, колку сме заостанати зад истиот тој свет и најважно, да ја поддржат сегашната опозиција во сите нејзини активности е Македонската навивачка песна „излези момче горе на тераса“!
Во тој контекст, за оваа песна почитуваниот Роберто Беличанец напиша:
Излези момче право на тераса е шовинистичка, неонацистичка и малоумна навивачка химна. Таа е одличен начин да покаже колку сме забегале и кој се е врзан во навивачките групи кои што ја срамат државата и го намалуваат впечатокот што спортистите го оставаат.
За г-динот Беличанец тоа што македонските навивачи во својата песна пејат за „Гоцева раса“ и за тоа дека „наше ќе биде и Солунско поле“ е шовинизам и неонацизам! Тоа што народот се гордее на својот предок, Гоце Делчев и што опејува етничка Македонска територија е забегано!!! Каде е храбриот Беличанец да реагира на песните и постапките на познатата навивачка група „Балисти“?! Го нема! Како прво не му се таргет група, а како второ, ако чепка таму може да го „изеде помрачина“!

16 September 2011

Двојство на идентитети

Во повеќе наврати од некои грчки, а од скоро и од некои бугарски политичари го имам слушнато ставот „решете што сте, Македонци, народ кој што овде живеел од пред три илјади години, или пак Словени, дојдени овде во 6 век“! Јас на сето ова го поставувам прашањето, што се тие?
Грците сакаат и да бидат ем Византијци односно Римјани, ем Грци! Добро, тука нема ништо спорно, Римската Империја била конгломерат од народи, тоа е исто како и да си Македонец и да си Европјанин, ама не е исто да кажеш дека може да бидеш и Грк и Македонец во исто време.

09 September 2011

ВМРО во пиринско - 1924-1925

Семинарска работа на тема „ВМРО во пиринско - 1924-1925“ (кликнете на линкот)
Кратка семинарска работа во која е обработена темата за ВМРО за време на потпишувањето на Мајскиот Манифест, убиството на Тодор Александров, доаѓањето на власт на Иван (Ванчо) Михајлов и начинот на неговото наметнување.

07 September 2011

12 August 2011

ЛИЦЕМЕРИЕ

„Убиството на 29 годишно момче - причина за протестите!“
Убиството на 29 годишниот криминалец е повод за почеток на насилството, причината е многу подлабока!
Ова го напишав завчера во контекст на насилството кое се случуваше изминативе неколку денови во сите поголеми градови во Британија а како повод за истите се наведуваше убиството на 29 годишно момче!
Британското општество го симболизираат мулти културна, мулти етничка и мулти конфесионална разноликост која потекнува уште од времето на колонијализмот. Во последните половина век оваа разноликост е се позастапена со оглед што Британија како земја со релативно висок животен стандард е доста привлечна дестинација за милиони емигранти.
Но што е тоа што Британија освен надежта која ја имаат им нуди?! Многу малку!
Британското општество многу малку прави за интеграција на овие луѓе во своето општество, па така додека Британците низ целиот свет делат правда и поуки за соживот, истото тоа не успеваат да го спроведат во сопствената земја!
Огромен е бројот на оние кои во т. н. протести најдоа начин за ситна заработка, но и на оние деликвенти кои без било каква причина уништуваа и дивееа на туѓ имот!!!
Британија најпрво треба да седне и да го реши проблемот во својот двор а дури потоа да продава приказни на останатиот дел од светот!

03 June 2011

Синовите на Македонија

Многу често слушам како луѓето коментираат: „ма ова нема врска, пред 100 години биле правите јунаци, овие немаат врска, само за власт се сите ни ВМРО ни ништо!“
Работата е во тоа што како сега, така и пред 100, 200 па и 1000 години, а сигурен сум дека така ќе биде и во иднина, едни се бореле за својата земја и своите права и тоа им било доволно, додека другите сакале да ја уживаат славата која што доаѓа од борбата! Ништо не е различно, се е исто! Зошто мислите дека се случувале сите оние братоубиства во редовите на ВМРО?! Нема никаква врска дека некој едноставно биле за Македонија, а други за Бугарија па се тепале меѓу себе, туку едноставно на некои не им било само до борба за слобода туку сакале таа борба да се одвива на „нивниот начин“!
Кога би ме прашале пред 5 години што мислам за нашите браќа Љубе и Јохан, генералите Стојанче Ангелов и Горан Стојков ќе речев дека тоа се луѓе кои би го дале својот живот за Македонија и дека ништо друго не им е поважно од нивниот народ и нивната татковина! За жал денес не мислам така! Денес сеуште сум уверен дека Јохан, Стојанче и Горан се горди синови на Македонија, но не и Љубе!
Љубе Бошкоски се прикажа себе како обична гнида, човек без достоинство и свое јас, човек кој си поигра со чуствата на својот народ чие што мнозинство за него сметаше дека е гордоста на Македонија! Љубе одбра да биде „слаткар“, „угостител“ и уште многу други работи, а најважно од се, одбра да биде кодош!
Останатите тројца се горди Македонски синови, сепак додека едниот чмае во европските затвори затоа што си ја бранел својата татковина, а другиот си живее нормален живот, не искажувајќи никаков револт затоа што не ја добил честа која ја заслужува, третиот реши да формира политичка партија и да ја искористи славата за некои други причини! Стојанче за разлика од Горан смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги заборавило синовите на Македонија и дека треба да има привилегии со славата која ја стекнал како бранител. На Стојанче не му е доволна сатисфакција тоа што Македонија е мирна и безбедна, тоа што забрзано чекори кон својот просперитет, тој сака својот углед и слава да го искористи за постигнување на некои други цели!
Јас нема да си дозволам да коментирам за целите на Генерал Ангелов бидејќи не сум достоен да го коментирам овој горд Македонски син, но Вие сами проценете!

25 May 2011

Антиквизација?!

Повеќе пати се имам објаснувано за оваа тема, но еве по повод празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и сите глупости кои се изнаслушав морав да седнам и да напишам нешто!
Некој во државава упорно ја форсира темата за некаква антиквизација, термин кои сами го измислија а кој нема никакво значење! Според нив, Владата се откажувала од се словенско, па и од просветителите Св. Кирил и Методиј, а на овие обвинувања кои досега беа наменети за левицата на чело со СДСМ се вклучија и Љубчо и Љубе?! Јас имам едно прашање, дали се тие нормални?!!! Токму оваа Влада на истите тие Кирил и Методиј, но и на Климент и Наум им постави споменик од северната страна на Камениот мост! И не само на нив, тука е и споменикот на Јустинијан и Цар Самоил кои исто така се личности од средновековието!!! Всушност, од сите поставени споменици само еден е на личност од антиката а тоа е на Александар! Всушност па тој и сеуште не е поставен! Па тогаш не знам што античко видоа?! И гледам пред некој саат на А1 како една „експертка“ збори дека не треба да се двои на античко и словенско минато! Па кој ја прави таа поделба? Секако не Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ!!!
Преку глава ми е да слушам како неколку идиоти јадат бурек а проста раја се пали! Следен пат размислете подобро кој е антиквизаторот и кој се обидува да ве врати во каменото доба!!!

24 April 2011

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
За многу години празникот, имајте здравје, радост, среќа и бериќет во Вашите домови и љубов во Вашите срца!

21 January 2011

А јас мислев дека сум ЕВРОПЈАНИН?!!!

Ми прават анкета и анкетарот ме прашува:

Дали сте за зголемена соработка на земјите од западен Балкан на економски план?

Јас одговарам: ДА!

Анкетарот: Дали сте за нивна зголемена воена соработка?

Јас: ДА!

Анкетарот: Дали сте за нивна интеграција во еден монетарен систем - една валута за сите?

Јас: СЕ РАЗБИРА!!!

Анкетарот: Дали сте за олеснето патување во останатите Европски земји?

Јас: НОРМАЛНО!!!

Анкетарот: Честито, вие покажавте најголема ЈУГО носталгија од сите досегашни испитаници!!!

Јас: ооо..., а јас мислев дека сум за Евро интеграција на регионот?!!!


06 January 2011

ХРИСТОС СЕ РОДИ

Нека ни е за многу години празникот! ХРИСТОС СЕ РОДИ! Радост, среќа и успех во Вашите домови и љубов во Вашите срца!
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!