31 May 2013

Против новиот закон за абортус

Јас го делам мислењето на опозицијата и на вечната душегрижничка и „борец“ за правата на жените г-ѓа Лилјана Поповска дека овој новиот закон за абортус не смее да биде донесен! Го делам мислењето, но не и мотивот!!!
Зошто мислам дека новиот закон за абортус не смее да се донесе, затоа што е ист како оној од 1976 година, а да биде полошо, тој е и полиберален!
Како прво, во законот од 1976 се предвидува прекин на бременоста до 10 недела, без никаква законска можност тоа да се стори потоа, а во новиот се предвидува доколку тоа се направи по 10 недела да биде одобрено од комисија формирана од Министерот за здравство!
Како второ, нема предвидена никаква согласност од сопругот кој во нормални околности треба да е татко на детето! Што се стимулира со ова?! Дали таткото не е родител?
Како трето, кој е тој кој има право да одлучи да одземе нечии живот?!
Абортусот е УБИСТВО! Абортусот не е вадење заб како што некои болни умови сакаат да го прикажат тоа! Правото на избор на жената завршува се до моментот кога таа останува трудна, потоа нестапува правото на животот!!!