20 September 2010

World War III

Пред околку една година започна сета фама околу 2012, за тоа како тоа ќе биде крајот на светот, за календарот на Маите и пророштвата на Нострадамус. Тогаш отприлика искочи и филмот 2012. Копајќи по интернет и барајќи нешто поконкретно случајно налетав на предвидувањата на Вангелија Пандева Димитрова или Вангелија Гуштерова или на сите нас позната како баба Ванѓа. Иако сум сигурен дека сите ја знаете како баба Ванѓа од Бугарија многу малку знаат дека Баба Ванѓа е струмичанка, т. е. таа е родена во Струмица.
Баба Ванѓа почина во 1996 година, но таа уште во 80-тите на минатиот век има дадено цела листа на пророштва се до крајот на светот, еве ви ЛИНК до сите нив! Она што мене ми боде очи е Ноември 2010, почеток на Трета Светска Војна, како и начинот на кој таа војна ќе започне и ќе се води, а тоа е како нуклеарна војна односно со нуклеарни напади од страна на Исламските екстремисти! Ако се земат во предвид и најновите извештаи на тајните и разузнавачките служби на Велика Британија и Франција каде што се вели дека заканите од терористички напади врз нивните главни градови не била никогаш поголема тогаш сето ова сценарио ми изгледа како многу веројатно!
Се надевам дека и ова предвидување на баба Ванѓа како и сите други апокалиптични предвидувања ќе бидат дел од многуте кои никогаш не се оствариле, а светот ќе продолжи да чекори кон просперитет и подобра иднина!

11 September 2010

Патот до вечноста!

Луѓето ќе направат се да ја достигнат бесмртноста, сепак досега не знам на некој да му успеало, затоа, свесни за тој факт тие се трудат да го направат вечно своето име и споменот за нив! Колку е тоа можно?! Кеопс ја изградил својата пирамида висока скоро 150 метри, досега таа е смалена за околу 10 метри поради ерозијата на камењата во изминатите четири и пол милениуми, точно така Пирамидата стои повеќе од 4500 години, можеби ќе стои уште толку, можеби и повеќе, но сепак за десетина илјади години и на неа ќе и дојде крајот а со тоа и на споменот за Кеопс, а токму тоа и е целта зошто е изградена!
Она што луѓето ги прави бесмртни не се градбите и големите дела, градбите стареат и се уриваат, делата низ историјата се забораваат па дури и извртуваат, она што луѓето ги прави вечни се нивните деца!!! Нашите деца во себе носат дел од нас и тој дел го оставаат на идните поколенија! Нашите потомци треба да бидат подобри и подобри а наша задача е да  се погрижиме за тоа!
Децата се тие што не прават бесмртни, тие се нашата најголема инвестиција и нашата иднина!!!