Луѓето ќе направат се да ја достигнат бесмртноста, сепак досега не знам на некој да му успеало, затоа, свесни за тој факт тие се трудат да го направат вечно своето име и споменот за нив! Колку е тоа можно?! Кеопс ја изградил својата пирамида висока скоро 150 метри, досега таа е смалена за околу 10 метри поради ерозијата на камењата во изминатите четири и пол милениуми, точно така Пирамидата стои повеќе од 4500 години, можеби ќе стои уште толку, можеби и повеќе, но сепак за десетина илјади години и на неа ќе и дојде крајот а со тоа и на споменот за Кеопс, а токму тоа и е целта зошто е изградена!
Она што луѓето ги прави бесмртни не се градбите и големите дела, градбите стареат и се уриваат, делата низ историјата се забораваат па дури и извртуваат, она што луѓето ги прави вечни се нивните деца!!! Нашите деца во себе носат дел од нас и тој дел го оставаат на идните поколенија! Нашите потомци треба да бидат подобри и подобри а наша задача е да се погрижиме за тоа!
Децата се тие што не прават бесмртни, тие се нашата најголема инвестиција и нашата иднина!!!
Децата се тие што не прават бесмртни, тие се нашата најголема инвестиција и нашата иднина!!!
No comments:
Post a Comment