18 November 2012

Марш за животот

Денес во центарот на Скопје се одржа „Марш за животот“. Наспроти вчерашните стотина, на денешниот марш присуствуваа неколку илјади луѓе. Додека вчерашните квази интелектуалци маршираа за правата на хомосексуалците, денес цели семејства покажаа дека семејството е основната клетка на секое здраво општество! Традиционалните семејни вредности се единствениот начин на кој едно општество може успешно да функционира и тоа е факт, а со својата масовност овој народ покажа дека сеуште има некоја надеж за овој народ!
За да видите дел од атмосферата кликнете на следниот ЛИНК!


25 October 2012

Навреденото „женско лоби“

Некаква си група на госпоѓи кои се нарекуваат себе си „женско лоби“ (а никој не знае за што тоа тие лобираат) биле навредени од говорот на Премиерот Груевски кој го одржа на свечената академија по повод празникот „23 Октомври - ден на македонската револуционерна борба“. Премиерот во својот говор напомена дека најголем проблем и најголем предизвик за Македонците во деншницата е наталитетот. Напомена дека наталитетот е алармантно низок и дека Македонија се повеќе станува земја на старци. Премиерот рече дека наместо некои да се знимаваат со вистинските проблеми на Македонското општество тие наметнуваат проблеми од типот „правата на хомосексуалците“, со што во општеството уште повеќе наметнуваат искривени вредности.
Горе споменатите госпоѓи денес се сретнаа лично со Премиерот Груевски и му посочиле дека жените не се машини за раѓање, дека главен проблем за падот на наталитетот е сиромаштијата и дека било навредливо што жените ги гледал како машини за репродукција!

19 June 2012

Кој тоа ѕирка од чатијата?

Реакција на текстот „НА ЧАТИЈА ПРЕС

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција на локално ниво служи како постојан коректор на власта на Стевчо Јакимовски и СДСМ во Општина Карпош. Изгледа дека ова не им се допаѓа на Стевчо и неговата тајфа!
Владо Поповски, Секретарот на Општина Карпош напишал колумна во Општинското јавно гласило „КАРПОШ УРБАН“. И се ќе беше во ред доколку тоа не беше партиска колумна која се наоѓа во општински весник, весник финансиран од граѓаните, весник кој треба да служи како информатор за тоа што е направено во општината а не за промовирање на личните ставови на пајташите на Стефчо и лечење на личните фрустрации!

10 June 2012

Знаењето е сила, знаењето е моќ?!

Знаењето е сила, знаењето е моќ?!
Знаењето е навистина моќ, но што всушност претставува тоа? Дали „знаење“ е само сето она формално образование кое го стекнуваме за време на школувањето или е нешто повеќе?!
Денес е навистина тешко да знаеш што точно треба да знаеш, што точно треба да прочиташ, која емисија треба да ја изгледаш, која информација точно треба да ја примиш и да ја процесуираш со својот мозок! Навистина е напорно да ги оделиш вистински потребните информации од оние небитните, посебно со присуството на социјалните мрежи на кои секој може да пренесе било каква информација.
Дали целта на образованието е човекот да прибере што повеќе информации и да стане обичен статистичар, или пак целта е луѓето да се научат да размислуваат, како да ја процесуираат информацијата и да ја искористат за својата корист, посебно во оваа ера кога информацијата од било кој вид е подостапна од било кога?! Оние информации за кои пред половина век се државите ги користеа своите разузнавачки служби и своите шпиуни денес станаа банални и се јавно достапни.
Покрај сето ова, сепак образовниот систем продолжува да ни ги предозира мозоците со информации кои и не се така потребни, наместо со вештини кои ќе ни помогнат во животот. За мене лично како историчар ми е побитно да се знае причината и последицата од еден настан во историјата одколку кој се бил инволвиран во истиот. Дали во иднина образовниот систем на светско ниво ќе му овозможи на човекот да научи да размислува наместо да помни останува да видиме!

22 May 2012

Распродажба

Градоначалникот на Општина Карпош, господинот Стевчо Јакимовски решил дека сака да реновира неколку училишта и градинки на територијата на својата општина. Прекрасна вест!
Се ќе беше супер доколку Стевче не предвидуваше парите за овој свој проект да ги обезбеди со продажбата на новата општинска зграда! Зградата која пред неполни две години Стевче комплетно ја реновираше за што се потрошени околу 300.000 евра сега сака да ја продаде! Според портпаролот на Општина Карпош, Виолета Цветковска со продажбата општината ќе заработи 3 милиони евра!

19 March 2012

Што всушност се случува!

Петорица насилници нападнале полицаец вон должност кој бил со неговата малолетна ќерка која има само 10 години, тие физички го нападнале, го легнале на земја и почнале да го удираат. Kога тргнале кон неговата ќерка полицаецот го извадил пиштолот и убил двајца од насилниците.
Насилници во автобус нападнале малолетни момчиња и им оставиле видливи траги по телото и лицето.
Четворица насилници од 18 до 20 годишна возраст нападнале средовечна жена.
Група од повеќе од десетина насилници нападнале 66 годишен човек.

Мислам дека повеќе не треба да набројувам. Сите ние кои имаме чиста свест и здрав разум кога го читаме текстот веднаш можеме да кажеме кој е виновен во наведените состојби, проблемот настанува тогаш кога ќе ја кажеме етничката припадност на жртвите или напаѓачите!
Сепак, додека некој организира насилни протести дршејќи и тепајќи се што ќе му дојде пред него, некој друг организира „марш на мирот“ со надеж дека ќе има мир! Само за потсетување, примирје бара поразената страна!
Јас искрено се надевам дека работите ќе се смират, дека група на исфрустрирани деликвенти нема да допринесат за тоа да сите ние заборавиме што е нормално а што не!

14 February 2012

ACTA - Заштита на авторски права или глобална цензура

Во мојата претходна колумна исто така пишував за ACTA и за нејзиното влијание врз нашата слобода, но некако се чуствувам недоречен а мислам дека така ќе биде и по оваа, се додека не знам со сигурност дека интернетот ќе остане слободна зона во светски рамки!
Која е навистина целта на ACTA, заштита на интелектуалната сопственост и авторските права на светско ниво или пак глобална цензура!
Ајде да започнеме со малку историја! Дали знаете дека и децата на египетските фараони имале играчки кои функционирале на пареа повеќе од два и пол милениуми пред Џејмс Ват да ја направи парната машина. Зошто тогаш не ја искористиле во практиката? Затоа што имале повеќе милиони поданици кои слепо ги следеле и нивниот труд бил доволно евтин за да не мораат да мислат за некоја друга инвестиција!

12 February 2012

Anti-Counterfeiting Trade Agreement

Anti-Counterfeiting Trade Agreement или ACTA, нешто за кое што за прв пат слушнав пред неколку месеци. Според неговите приврзаници ACTA се залага за заштита на авторските и интелектуални права низ целиот свет. Што всушност претставува ACTA?
Замислете дека одите на концерт, таму правите неколку слики и еден видео клип со вашиот мобилен телефон, сликите ги ставате на facebook, а клипот на YouTube. Епа според ACTA вие сте направиле криминал, односно сте ги прекршиле правата на весникот односно телевизијата која имала право да го снима и слика овој концерт. Доколку пак имате симнато некој пократок филм и истиот го објавите на YouTube тогаш пак го имате прекршено законот! Она што е страшно е што казните кои се предвидени освен парични кои би биле повеќе од вашата животна заработка може да бидат и затворски и тоа над 5 години, колку што во некои случаи се лежи за убиство!

11 January 2012

Глобализација

Што е глобализацијата? Еден виц вели вака:
Прашање: Која е најдобрата дефиниција за глобализацијата?
Одговор: Смртта на принцезата Дајана.
Прашање: Зошто?
Одговор: Англиска принцеза,
со швалер од Египет,
загинува во сообраќајка во француски тунел,
возејќи германска кола,
со холандски мотор,
возена од пијан Белгиец,
од Шкотско виски,
следен од италијански папараци,
кои возеле на јапонски мотори,
неуспешно третирана од американски доктор,
користејќи бразилски лекови.
Вие ова го читате на Вашиот компјутер, кој користи тајвански чипови,
гледате во корејски монитор,
составен од работници од Бангладеш,
во фабрика во Сингапур,
пренесуван од возач од Пакистан,
киднапиран од Индонезијци,
растоварен од Сицилијански морнари
пренесен до вас од Руски емигранти.
и купен од ваша страна по петпати поголема цена од првичната!

Јас сериозно мислам дека овој виц навистина суштински ја објасни глобализацијата.