11 January 2012

Глобализација

Што е глобализацијата? Еден виц вели вака:
Прашање: Која е најдобрата дефиниција за глобализацијата?
Одговор: Смртта на принцезата Дајана.
Прашање: Зошто?
Одговор: Англиска принцеза,
со швалер од Египет,
загинува во сообраќајка во француски тунел,
возејќи германска кола,
со холандски мотор,
возена од пијан Белгиец,
од Шкотско виски,
следен од италијански папараци,
кои возеле на јапонски мотори,
неуспешно третирана од американски доктор,
користејќи бразилски лекови.
Вие ова го читате на Вашиот компјутер, кој користи тајвански чипови,
гледате во корејски монитор,
составен од работници од Бангладеш,
во фабрика во Сингапур,
пренесуван од возач од Пакистан,
киднапиран од Индонезијци,
растоварен од Сицилијански морнари
пренесен до вас од Руски емигранти.
и купен од ваша страна по петпати поголема цена од првичната!

Јас сериозно мислам дека овој виц навистина суштински ја објасни глобализацијата.


Мојата работа ми овозможува секој дневно да гледам каква се роба пристигнува во нашава земја, што се се изнесува и што се транзитира низ неа! Јас сум зачуден и збунет!
Говедско месо од Бразил?!  Минерална вода од Франција?! Вино од Италија и Јужна Америка кое е поефтино од нашето?!!!
Па добро, се трошат огромни сретства за транспорт, осигурување, се ангажираат илјадници службеници од целиот свет кои ги средуваат бирократските формалности за таа роба да може да се транспортира од една локација во светот до друга, притоа преминувајќи го половина свет и транзитирајќи низ неколку десетици земји за на крајот да добиеме производ чија што цена е зголемена за повеќе од десет пати од онаа при извозот од земјата од која потекнува!
Дали мислите дека глобализацијата е процес кој допринесува за поголема соработка и зближување на луѓето, за нивна поголема економска благосостојба, за нивно поголемо братско сплотување онака комунистички кажано? Јас не мислам така! Дали знаете дека 225 луѓе во светот имаат лично богатство колку што има една половина од светското население? Дали знаете дека од 7 милијарди луѓе на планетава, 1,3 милијаради живее со помалку од 50 денари дневно, односно 1500 денари месечно, а 3 милијарди со помалку од 100 денари дневно односно 3000 денари месечно! Секојдневно јазот се зголемува, богатите стануваат побогати а сиромашните посиромашни!
Не сакам да продолжам со црните статистики но ако ви кажам дека жителите на Европската Унија годишно трошат 11 милијарди долари за сладолед, а со две милијарди на пример се решава проблемот со водата за пиење во целиот свет и уште толку за да се реши основното образование во целиот свет!
Капиталистичкиот глобализам и комунистичкиот интернационализам се толку силно испреплетени што од оваа мрежа која што стои пред нас не можеме да видиме дека секојдневно расте аморфната маса која за единствена цел има да биде движечка сила на потрошувачкото општество без било каква друга идеолошка позадина!
Дали мислите дека светот има излез од оваа состојба?! Јас мислам дека нема! Што би можело да се превземе? Па на пример ограничување на бројот на вработени во една компанија на не повеќе од 120 до 150 луѓе, поставување на малите и средни семејни бизниси за водечка движечка сила на општеството! Не за комунистичките колективи или за капиталистичките експлоататорски интернационални компании! Мислите ли дека има некој кој што ќе може ова да го спроведе? Демонстрантите кои го блокираа Менхетен измината година и сите оние кои ги подржаа ја имаа паролата „Ние сме 99%“! Дали е така? Всушност оние кои ги подржаа и кои беа доволно свесни да ги разберат беа помалку од 0,1%, помалку од 1 на 1000 луѓе, помалку од 7 милиони луѓе од целиот свет! Ќе оставиме времето да покаже!

2 comments:

  1. mislite tise dobri ama go imas ventilatorot na pocetok,toj ti gi namaluva poenite od mislite

    ReplyDelete
  2. Државното знаме на мојата земја е и мое знаме, исто колку и сонцето од Кутлеш, исто колку и лавот!

    ReplyDelete