Видела жабата како го потковуваат коњот, па и таа кренала нога да ја потковаат.
Ова нашево така некако изгледа. СДСМ и останатата бандитска багра упатија лавина критики за проектот „Скопје 2014“, но увидоа дека на народот му се допаѓа тоа што се гради по повеќе од 20 години стагнација и што конечно некој превзема нешто за изгледот на Скопје. Но не се гради само Скопје како што некој сака да покаже, се гради и во сите други градови во државата.
И градоначалниците од СДСМ земаа да направат нешто и малку да подзамачкаат, колку да имаат да кажат дека и тие граделе! А што граделе?
Карпош, нај урбаната општина во Македонија! Барем Стевчо така сака да се фали. Демек другите биле за никаде а Карпош била нај урбаната општина. СДСМ се бунеа дека времетраењето на изведбата на реконструкцијата на главните улици во Скопје траела недозволиво долго, цел месец и кусур.
Стевчо реконструира атмосферска канализација на пар улици во Општина Карпош, долга не повеќе од еден километар пола година! Навистина СДСМ знае како да работи и како да исполнува!
Освен за спинување на информации и за пуштање на маалски муабети очигледно и не ги бидува.
Можеби работењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери не е совршено, но е светлосни години пред оние на СДСМ. Мислам дека не треба повеќе да се каже, сами пресудете.
No comments:
Post a Comment