24 August 2008

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО АНТИКАТА

Факт е дека денешниот Македонски јазик има во најголем дел словенска основа, но историјата исто така покажува дека е факт дека античките Македонци не биле грци, затоа што тоа и се докажува во повеќе докази, меѓу кои би сакал и да ја споменам книгата на ПЛУТАРХ, "АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ" во која античкиот автор го опишува животот на Александар. Во неа јасно се споменува дека во еден момент Александар на МАКЕДОНСКИ ја повикува својата гарда, односно штитоносци!!! Еве ви ЛИНК до книгата, а подоле и извадокот со тој дел на англиски!!!

14 August 2008

ВЕРОНАУКАТА КАКО ИЗБОРЕН УЧИЛИШЕН ПРЕДМЕТ

Сеуште има луѓе кои се цврсти приврзаници на комунистичката догматика дека религијата претставува опиум на народот и служи за т. н. народни маси да се држат во покорност! Јас не се сложувам со тоа, бидејќи она што е вистинскиот опиум на народот се многубројните пороци кои се секојдневно се поприсутни, посебно помеѓу младата популација! Дрогата, алкохолот, цигарите, разните игри на среќа од кои младите очекуваат финансиска добивка и решавање на своите т. н. проблеми во кои ги вложуваат и последните пари кои со труд се стекнати од нивните родители, наместо самите да се зафатат со нивно решавање и многу други пороци го уништуваат како физички така и духовно младиот човек и од него создаваат безкарактерна индивидуа која се синтетизира со останатите единки од општеството кои ја прават огромната црна слика!!!