Сеуште има луѓе кои се цврсти приврзаници на комунистичката догматика дека религијата претставува опиум на народот и служи за т. н. народни маси да се држат во покорност! Јас не се сложувам со тоа, бидејќи она што е вистинскиот опиум на народот се многубројните пороци кои се секојдневно се поприсутни, посебно помеѓу младата популација! Дрогата, алкохолот, цигарите, разните игри на среќа од кои младите очекуваат финансиска добивка и решавање на своите т. н. проблеми во кои ги вложуваат и последните пари кои со труд се стекнати од нивните родители, наместо самите да се зафатат со нивно решавање и многу други пороци го уништуваат како физички така и духовно младиот човек и од него создаваат безкарактерна индивидуа која се синтетизира со останатите единки од општеството кои ја прават огромната црна слика!!!
Религијата не претставува суеверие!!! Тие се дијаметрално спротивни и не водат кон едно исто! Религијата учи на љубов, разбирање, толеранција, трудељубивост, чесност, искреност, а не кон страв од нешто небесно или кон решавање на нашите проблеми преку разни магиски и ритуални обреди, не верува во црни мачки и потковици, во малери и баксуси, во речено или пишано, во среќа или судбина!!! Религијата е нешто кое води кон просветлување на човекот, кое го учи на морал и етика, кое му покажува дека не е битно само да се задоволат потребите туку битно е и како ќе се задоволат, го учи дека целта не ги оправдува сретствата а не обратно и дека кога нешто се работи тоа треба да се прави со љубов и верба, а не со лицемерие и со сила!!!
Некои се спротивставуваат нивните деца да учат веронаука бидејќи тоа било застарено и назадно!!! Јас би ги прашал што е за нив напредно?! Дали се тоа модерниот и неморален начин на живеење кои водат кон распаѓање на семејството како основна клетка во едно општество, кога нашите фрустрации ги лечиме на нашите деца или кога љубовници ни стануваат другарите и другарките на нашите деца?!!! Религијата учи на морални принципи, ни покажува што е правилно а што не и само помага во градењето на еден човек во целосна индивидуа! Некои велат дека на таа возраст децата се премногу мали за веронаука! Јас мислам дека таква работа непостои бидејќи може само да е предоцна а не прерано! Железото се кова додека е врело, а колку повеќе се лади толку потешко се обликува!!! Со ова нашата земја ќе се претвори од нација на измамници и ситни преваранти во нација на трудољубиви и чесни луѓе, од нација на подведувачи и куртизани во нација на домаќини и домаќинки од нација во пропаѓање во нација со светла иднина!!!
Христијанството како религија не бара жртви! Некои луѓе сеуште мислат дека со постот прават жртва со која Господ ќе им ги прости гревовите, а не го гледаат како сретство за чистење на телото и јакнење на духот, бидејќи доколку вие можете неколку недели да се одречете од одредена храна и од одредени задоволства како физиолошки, така и духовни, тогаш сигурно ќе можете да се одречете и од одредени пороци како дрогата, алкохолот, цигарите, коцкањето и слично и некогаш нема да посегнете по нив!!! Постот не е жртва, постот е потреба и начин на воспитување!!! Некои пак сметаат дека со нивниот по конзервативен изглед и со тој начин на живот прават жртва и се поблиски до Бога отколку некој со искината облека и тетоважи и пирсови по телото!!! Дали на Бог ќе му биде помил оној кој носи костум, културна фризура и личи на прав џентлмен а ја изневерува својата сопруга или девојка или пак оној кој носи искинати фармерки, долга коса, вози мотор има обетки и тетоважи а е верен на личноста која ја сака?!!! Мислам дека одговорот е јасен!
Религијата дава сила да истраеме во нашите искушенија и таа е храна, а не опиум за народот!!! Секоја религија, како Христијанството, така и Исламот, Јудеизмот и многу други се позитивни во својата суштина, а стануваат лоши кога одредени еретици и екстремни фанатици водени од некои свои лични побуди ја користат и извитоперуваат во своја цел! Тогаш започнуваат конфликтите и настануваат сите страдања, а тие се пред се служители на ѓаволот, а не на Бога!!!
Бог ни дал разум и слободна воља, а наше е што ќе избереме! Мојот избор е веронауката и јас би сакал во иднина моите деца да ги видам како целосно изградени личности, личности кои ќе знаат самите да го изберат вистинскиот пат, личности кои нема лесно да потклекнуваат на искушенијата на животот и ќе знаат како да ги премостат проблемите и личности кои ќе бидат носители на доблеста и моралот во едно општество!!!
No comments:
Post a Comment