19 March 2008

СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА

РЕЦЕСИЈА!!! Лани во ова време овој збор ме асоцираше на периодот од 1929 до 1933 година!!! Иако имало неколку економски кризи во 20 век, таа и онаа од 70 - тите се опишуваат како најголеми. Во истото ова време и некој да ми спомнеше дека за само една година ќе се случи ова што се случува немаше да го сватам многу сериозно, иако знам дека ваквите кризи се појавуваат преку ноќ!
Се започна со сушното лето, па покачувањето на цената на прехрамбените производи, па недостигот на струјата, која кај нас иако помал, сепак значаен дел се произведува од хидро - енергетските капацитети, па на нафтата... и се нареди цела верижна реакција!!! Она што ме теши иако не е баш за тешење е што е светска, а тоа се гледа дека и покрај растечката инфлација, цената на денарот во сооднос со еврото не варира, а во однос со доларот е дури и трагикомично што доларот паѓа, односно во САД инфлацијата изнесува поголем процент!!! Од сето кажано некој се обидува да извади корист и да го обвини "СЕМОЌНИОТ НИКОЛА" за сето тоа!!!
Конструктивна опозиција, а постои ли таква?! Сон на секоја опозиција е да стане власт!!! Јас не би обвинил никого за тоа, но би потсетил на тоа баш што се случуваше за време на економската криза во 1929-33 низ Европа, кога земаа замав многу екстремни движења, како левичарски (анархисти), така и десничарски (нацисти и фашисти)!!!
Ако навистина некој не почне да биде конструктивен и пред се да ги гледа интересите на сопствената земја многу скоро комунизмот и национализмот нема да ни изгледаат воопшто радикални, затоа што ќе ги замениме со анархизам и нацизам, прашање е само дали ќе преовлада левата или десната опција!!! Вие сте на потег, бидејќи знаете дека сите кризи се решаваат со екстремни мерки!!! Во прилог на ова ви оставам ЛИНК од еден мој претходен пост!!!

No comments:

Post a Comment