Низ блогерајов кружат разни теории дека не постои Македонски народ туку само Македонска нација создадена во 1991 година!!! Само за информација за тие кои тврдат така дека официјално Македонска држава постои од 1945 година во склоп на Југословенската федерација!!! Македонски народ не можело да има затоа што немало Македонска држава се до 1991 година?!!! Во ред!!! Јас тоа ќе го признаам кога и бугарите ќе признаат дека тие се народ создаден во 1878 година и немаатг ништо заедничко со средновековна бугарија!!! Колку за пример колку бугарите ја познавале историјата и биле свесни кои се и што се ќе ви го дадам примерот со нивниот национален грб и со неговото потекло, златен лав на црвен штит и е всушност грб на Македонија во сите стематографии се до 1694 година, кога Павле Ритер Витезовиќ сакајќи да докаже дека е од благородничка фамилија изработил стематографија во која ги помешува грбовите на Македонија и Бугарија!!! Бугарскиот грб всушност е црвен лав на златен штит!!! Сепак бугарите не треба толку да се потресуваат заради тоа, бидејќи и Македонците кога го кренале Разловечкото востание во 1876 година под водство на Димитар Поп Георгиев Беровски на црвено знаме имале ставено црвен лав на златна подлога!!! На знамето пишува: МАКЕДОНИЈА - СТАНЕТЕ ЗА СЛОБОДА!!! Тоа е затоа што стематографијата на Витезовиќ на 21 октомври 1741 година во Виена била издадена во малосериски тираж, што дотогаш не било случај, а ја издал Жефаровиќ!!! Понатаму сите Балкански народи со нивното ослободување се водат од оваа стематографија, бидејќи другите кои биле и по ексклузивни ги поседувале само западно европските монархистички семејства со повеќевековна традиција!!! И грците не се ништо подобри, затоа што во 1830 година кога тие добиваат автономија грчките историчари изјавуваат: "Во својата историја (од 338 година пр. н. е. до 1830 година) грција била под ропство на Македонците, Ромеите (Римјаните односно подоцна Византијците) и Турците"!!! Подоцна го менуваат ставот па велат дека Византија е грчка империја и дека биле под ропство само на Македонците и Турците, за на крај и Македонците да бидат прогласени за грчко племе и да се каже дека грција била под ропство само на Турците односно Османлиската империја!!! Многу ставови и национализми еволуирале со годините, од кои за некои биле потребни само неколку години!!! За тоа во некоја друга прилика!!!
No comments:
Post a Comment