19 June 2012

Кој тоа ѕирка од чатијата?

Реакција на текстот „НА ЧАТИЈА ПРЕС

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција на локално ниво служи како постојан коректор на власта на Стевчо Јакимовски и СДСМ во Општина Карпош. Изгледа дека ова не им се допаѓа на Стевчо и неговата тајфа!
Владо Поповски, Секретарот на Општина Карпош напишал колумна во Општинското јавно гласило „КАРПОШ УРБАН“. И се ќе беше во ред доколку тоа не беше партиска колумна која се наоѓа во општински весник, весник финансиран од граѓаните, весник кој треба да служи како информатор за тоа што е направено во општината а не за промовирање на личните ставови на пајташите на Стефчо и лечење на личните фрустрации!

10 June 2012

Знаењето е сила, знаењето е моќ?!

Знаењето е сила, знаењето е моќ?!
Знаењето е навистина моќ, но што всушност претставува тоа? Дали „знаење“ е само сето она формално образование кое го стекнуваме за време на школувањето или е нешто повеќе?!
Денес е навистина тешко да знаеш што точно треба да знаеш, што точно треба да прочиташ, која емисија треба да ја изгледаш, која информација точно треба да ја примиш и да ја процесуираш со својот мозок! Навистина е напорно да ги оделиш вистински потребните информации од оние небитните, посебно со присуството на социјалните мрежи на кои секој може да пренесе било каква информација.
Дали целта на образованието е човекот да прибере што повеќе информации и да стане обичен статистичар, или пак целта е луѓето да се научат да размислуваат, како да ја процесуираат информацијата и да ја искористат за својата корист, посебно во оваа ера кога информацијата од било кој вид е подостапна од било кога?! Оние информации за кои пред половина век се државите ги користеа своите разузнавачки служби и своите шпиуни денес станаа банални и се јавно достапни.
Покрај сето ова, сепак образовниот систем продолжува да ни ги предозира мозоците со информации кои и не се така потребни, наместо со вештини кои ќе ни помогнат во животот. За мене лично како историчар ми е побитно да се знае причината и последицата од еден настан во историјата одколку кој се бил инволвиран во истиот. Дали во иднина образовниот систем на светско ниво ќе му овозможи на човекот да научи да размислува наместо да помни останува да видиме!