28 January 2020

Каков крај!!!

Уште од моментот кога Зоран Заев дојде на власт, без изборна победа, со милиони калкулации и со заклетва дека не постои никаква „тиранска платформа“ и нема да има никаква промена на името и она што е пострашно, задирање во националниот идентитет на Македонците реков дека крајот нема да му биде убав! Оние кои силно веруваа во него а не се членови на СДСМ или барем не на раководните структури ми кажуваа дека мозокот ми е испран и дека конечно земјата „ќе ја биде“, конечно сме „на прав пат“!!!
Денес истите тие личности ги гледам како воопшто не сакаат да зборуваат за политика! Луѓето кои велеа „важно е Грујо да не биде, да го бутнеме режимот па после ќе му ја мислиме“ денес биле аполитични!
Сигурно не го очекувавте ова?!
Сигурно очекувавте дека на Грујо ќе му се суди за милионски профити од тендери, криминали со кои присвоил огромни суми пари за себе, а не дека ќе му се суди за тоа што купил државен „мерцедес“ кој Заеви „го убија“ од возење, не за некакви наводни нарачани шамари кои никогаш не се случиле и не за ред други глупости!
Каде е овде расчистувањето со криминалот, борбата против фамилијата од режимот?!
За нивна несреќа или среќа, истите тие кои беа посочувани како носители на режимот, денес се најблиски бизнис соработници или логистичари на Заев!
Деновиве Европа ја тресе новата афера со изборниот поткуп на Заеви од 2014 година!!!
Дали е ова правдата која ја чекавте?! Дали сте свесни дека со омразата кон ВМРО создадовте услови денес Македонија да биде многу помалку држава а многу повеќе територија и поле за остварување на бизнис интересите на Заеви и останати криминални групации?!
Дали е ова крајот кој што го очекувавте?!!!