26 June 2009

Национална припадност: КОМУЊАР!

Веќе неколку пати имам пишувано за конструкциите и обвинувањата кои т. н. социјал демократи ги испорачуваат на сметка на Владата, а најмногу на сметка на ВМРО-ДПМНЕ! Денес пак ќе пишувам за нешто околу тоа, но во правец на нивните обвинувања за бугаризација, па од пред година и половина за “антиквизација” и од пред пар месеци за србизација на Македонија!

Обвинувањата за т. н. “антиквизација”, термин кој го измислија нивните “брилијантни” умови, според некој носела поделба на македонското национално ткиво на античко и словенско и народот се делел, а за сето тоа била виновна владата бидејќи го антиквизирала народот и историјата, а ние демек сме биле словени, како што самиот Киро Глигоров има изјавено во една прилика!



Ако сме само словени, како што тие тврдат, па нели и ние и нашите источни соседи кои го тврдат истото за себе а носат име на едно племе од монгло-турската група на народи (Бугари) сме во заблуда, нели ние словени, тие словени, а носиме имиња од туѓи народи, тогаш Србите се во право, сите ќе испаднеме Срби, но дали е така?!

19 June 2009

Ристовски: Ние сме доминантно словенски народ

Во денешните Македонци сигурно има и некоја капка античка крв, но ние сме доминантно словенски народ, вели за А1, академик Блаже Ристовски.

По доселувањето на Словените, според него, почнал процес на природна асимилација на затекнатото население, како впрочем и кај соседите. Ристовски предупредува дека постојаното инсистирањето на античките корени може да предизвика разнебитување на нацијата..

„Веќе нашата маса како да се цепи. Тоа е судбоносна работа, а нема зошто. Ние сме словенска нација, тука не треба да има дилеми. Сите овие други теории што се вадат сега, се без научна почва, без резон, но имаат политички профит“, изјави Блаже Ристовски, академик.

Авторот на тезата дека Македонците се доминантно потомци на античкиот етнос, историчарот Панов, вчера тврдеше дека неговите нови сознанија изнесени во Историјата на македонскиот народ се засновани исклучиво на научни докази.

„Античките Македонци не исчезнале, туку продолжиле да учествуваат во процесот на симбиозата со Словените и да пренесуваат дел од нивните традиции, коишто се според мене, постепено присвојувани од страна на населените Словени, идентификувани како Македонски Словени“, вели Митко Панов.

Според академик Ристовски, најголем доказ дека Македонците се Словени е јазикот – едно од основните обележја на еден народ.

„Тие антички Македонци, засега барем, не ни посведочиле за карактерот на својот јазик. Се знае дека тој не бил грчки, дека тие не се сметале за Грци, и Грците не ги сметале за своеродни грци, меѓутоа нивниот јазик е останат само со имиња“, вели Блаже Ристовски.

Ристовски апелира политиката да ги тргне рацете од историјата, а на граѓаните им препорачува повеќе да читаат, за да не може лесно да бидат манипулирани.

Реакција на историчарот Панов

Посочениот автор на историјата на Македонија Митко Панов, по тезите изнесени од Ристоски излезе со дополнителна интерпретација.

Во неа се вели дека ниту во текстот на историјата на македонскиот народ, ниту во неговите изјави, не е наведено дека станува збор за „етничка доминација“ на Античките Македонци по населувањето на Словените во Македонија и процесот на взаемната симбиоза кој природно уследил во наредниот период.

Најенергично ги демантирам наводите на академикот Ристовски, дека во случајот станува збор за политички влијанија или добивање на „политички профит“.

Панов бара да се остави настрана политиката и личните дисквалификации и конечно да се проговори со аргументи и историски факти.

Превземено од А1

МОЈ СТАВ ЗА ПРАШАЊЕТО

16 June 2009

НОВИТЕ ЛИЦА ВО СДСМ

Бранко Црвенковски се врати во СДСМ и вети дека ќе и даде ново лице на партијата, дека ќе ја реорганизира и дека ќе ја донесе до победа на следните избори што е легитимно право и цел на секоја политичка паритија!

Јас во овој текст не мислам да расправам за наводните нови лица во СДСМ, јас сакам да запрашам како е возможно сите во СДСМ да бидат виновни и да сносат одговорност освен лидерот, сите освен Црвенковски?!!!

Јас би им дал совет на СДСМ да направат анкета помеѓу граѓаните за тоа кого сметаат граѓаните за нај виновен за состојбата во која се наоѓа Македонија во последните две децении и убеден сум кој ќе биде одговорот на мнозинството граѓани!

Транзицијата трае скоро две децении, таа е нешто што за мене е исто што и детство исто што и пубертет, исто што и сегашност, таа е процес кој едвај чекам да заврши, но најмногу од СЕ за мене транзицијата е Бранко Црвенковски, лице кое одамна требаше да му се придружи на Љупчо Георгиевски и да стане политички пензионер!!!

Се надевам дека СДСМ ќе ја разбере хипотеката која Бранко Црвенковски ја носи со себе и конечно ќе расчисти со СИТЕ транзициони политичари во своите редови!