19 June 2009

Ристовски: Ние сме доминантно словенски народ

Во денешните Македонци сигурно има и некоја капка античка крв, но ние сме доминантно словенски народ, вели за А1, академик Блаже Ристовски.

По доселувањето на Словените, според него, почнал процес на природна асимилација на затекнатото население, како впрочем и кај соседите. Ристовски предупредува дека постојаното инсистирањето на античките корени може да предизвика разнебитување на нацијата..

„Веќе нашата маса како да се цепи. Тоа е судбоносна работа, а нема зошто. Ние сме словенска нација, тука не треба да има дилеми. Сите овие други теории што се вадат сега, се без научна почва, без резон, но имаат политички профит“, изјави Блаже Ристовски, академик.

Авторот на тезата дека Македонците се доминантно потомци на античкиот етнос, историчарот Панов, вчера тврдеше дека неговите нови сознанија изнесени во Историјата на македонскиот народ се засновани исклучиво на научни докази.

„Античките Македонци не исчезнале, туку продолжиле да учествуваат во процесот на симбиозата со Словените и да пренесуваат дел од нивните традиции, коишто се според мене, постепено присвојувани од страна на населените Словени, идентификувани како Македонски Словени“, вели Митко Панов.

Според академик Ристовски, најголем доказ дека Македонците се Словени е јазикот – едно од основните обележја на еден народ.

„Тие антички Македонци, засега барем, не ни посведочиле за карактерот на својот јазик. Се знае дека тој не бил грчки, дека тие не се сметале за Грци, и Грците не ги сметале за своеродни грци, меѓутоа нивниот јазик е останат само со имиња“, вели Блаже Ристовски.

Ристовски апелира политиката да ги тргне рацете од историјата, а на граѓаните им препорачува повеќе да читаат, за да не може лесно да бидат манипулирани.

Реакција на историчарот Панов

Посочениот автор на историјата на Македонија Митко Панов, по тезите изнесени од Ристоски излезе со дополнителна интерпретација.

Во неа се вели дека ниту во текстот на историјата на македонскиот народ, ниту во неговите изјави, не е наведено дека станува збор за „етничка доминација“ на Античките Македонци по населувањето на Словените во Македонија и процесот на взаемната симбиоза кој природно уследил во наредниот период.

Најенергично ги демантирам наводите на академикот Ристовски, дека во случајот станува збор за политички влијанија или добивање на „политички профит“.

Панов бара да се остави настрана политиката и личните дисквалификации и конечно да се проговори со аргументи и историски факти.

Превземено од А1

МОЈ СТАВ ЗА ПРАШАЊЕТО

Ајде да почнеме со анализа на првата реченица на проф. Ристовски:

“ние (Македонците) сме доминантно словенски народ”

Доколку ова е вистина тоа значи деке ние, исто како и нашите источни соседи неосновано се нарекуваме Македонци, како и тие Бугари, бидејќи главен фактор за определба на етничката припадност за уважениот професор е јазикот а и на нас и на денешните Бугари јазикот ни има словенски корен! Бугарите исто така го користат јазикот и неговата блискост за наша определба како западни или македонски Бугари, односно тврдат дека ние сме Бугари населени на територијата на Македонија! Целата историја учи дека Бугарите се народ од монгло-турската група и дека пра-бугарскиот е јазик со потекло од истата група на јазици! Но денешните Бугари говорат јазик со словенски корен а се нарекуваат Бугари!

Јас не сум поддржувач на теоријата дека античките Македонци и словените се едно исто бидејќи има стотици и илјадници докази за преселбата на словените!

Пред околу еден месец напишав текст со наслов „За потеклото на Македонците и демагогијата на политичарите“, во кој јасно го изнесов своето гледање за етногенезата на современите етнички Македонци! Во тој текст јасно наведов дека е лудило да се мисли дека за повеќе од два милениума овој народ останал изолиран! Во текстот јасно наведов дека не мислам дека денешниот македонски и античко македонскиот јазик имаат сличности бидејќи се јазици со различни корени, но исто така и навесов два несоборливи докази дека античкиот Македонски јазик не е грчки!

Историски факт е дека словените при своите навлегувања стигнале се до нај јужните делови на Балканот и на Грција односно до Пелопонес, каде го наметнале својот јазик кој се користел повеќе од 2 века! Грчкиот е вратен дури кога Византиската империја успева воено, економски и културно да го поврати Пелопонес и само затоа што тој е официјален јазик на империјата! За време на владеењето на Османлиската империја на Балканот терминот грк се употребувал не како етнички туку како културолошки термин и означувал образуван рисјанин (Христијанин), без разлика на етникумот! Каде е словенскиот фактор во модерната грчка нација?!

Испитувањата на реномираниот швајцарски институт IGENEA даде интересни резултати за тоа кои народи со колкав “дел” учествувале во етногенезата на модерните народи на Балканот, еве ви ги резултатите:

Post from iGENEA to 26.09.2008
Albania:
30% Illyrians
15% Phoenician
14% Hellenen
18%Thraker
2% Vikings
20% slavs

Greece:
10% Germanic
10%illyrians
20% slavs
20% phoenician
5% macedonian (in north more than 18%)
35% Hellenen

Bulgaria:
49%Thraker
11%macedonian
15%slavs
15%hellenen
5% pheonician

Macedonia:
30%macedonian
10% illyrian
15% hellenen
5%phoenician
20% germanic
5% hunnen
15% slavs

Според овие резултати, Грците и Албанците имаат повеќе словенско од нас!

Ако пак го погледнеме делот за нашите источни соседи, тие се најавтохтон народ на Балканот бидејќи со 49% во нивната етногенеза учествуваат траките кои се тука уште од антиката, за разлика од словените или татарите од кои нема ништо!

Ајде сега за етногенезата на денешните Македонци. Се гледа дека во нашата етногенеза со 30% учествуваат античките Македонци, потоа тука се германите со 20% и словените и хелените, односно античките грци со по 15%, илирите со 10% и хуните и феникијците со 5%!!!

Би сакал да го прашам уважениот професор зошто се занемарува фактот дека при поминувањето на т. н. Крстоносни војски на Балканот тие убиле се машко и силувале се женско што ќе им се нашло на патот! Зошто тогаш немаме докази за тоа во нашиот јазик?! Мислам дека кога некој силува и си заминува не се грижи за тоа како ќе му биде воспитано детето! И иако со 1/5 тие деца на кои се дава погрдно име учествувале во етногенезата на Македонската нација, сепак сето тоа се премолчува!

Јас би сакал на уважениот професор да му посочам да внимава на методологијата на истражување, сепак колку што јас сум запознаен тој е филолог а не историчар!

No comments:

Post a Comment