15 May 2009

За потеклото на Македонците и демагогијата на политичарите

Веќе подолго време мислам да објавам еден ваков текст во кој ќе ја покренам темата не за потеклото на денешните етнички Македонци, мнозинскиот народ во денешната Република Македонија туку за демагогијата на некои политичари, за искривувањето на фактите и нивно премолчување заради потребата на актуелните политички случувања.

Како прво, сакам да расчистам една работа за да не мора тоа прашање да се провлекува во целиот текст а тоа е прашањето за етногенезата односно потеклото на денешните Македонци односно моето гледање по тоа прашање! Мислам дека на секој нормален човек му е јасно дека во етногенезата на денешните Македонци имаат учествувано многу народи кои поминале на Балканот низ вековите и дека лудило е да се мисли дека за повеќе од 2000 години во етничката структура на овој народ се нема променето ништо исто како што тоа го прават денешните Грци со своето наводно античко потекло!

Етногенезата на денешните Македонци е навистина комплексна (како и кај сите балкански народи) и во неа учествуваат речиси сите оние кои поминале низ овие простори и оставиле “дел од себе”, тука во прв ред треба да ги наброиме Словените кои оставиле најголем белег што се гледа од култура и јазикот на поголемиот дел од денешните балкански народи! Исто така би сакал да напоменам една работа околу учеството на пра Бугарите во етногенезата, како на денешните Бугари така и на некои други балкански народи во прв ред Македонците но и на Србите и Романците за кои денешните Бугари тврдат дека во добар дел имаат бугарски корени! Имено и самите Бугари се во истиот каша со нас Македонците бидејќи носат име на народ од монгло-турско потекло а говорат словенски јазик, тоа ја потврдува тезата дека пра Бугарите при своето освојување биле навистина воено надмоќни и покориле територија со население повеќе од пет пати побројно од нив но многу брзо се претопиле во таа маса на пред се славјански племиња и се што оставиле се само имињата на државата и народот кој живеел во неа во која сите, без разлика на етничкото потекло се нарекувале Бугари!

Би сакал и да го нагласам фактот за потеклото на денешните Грци кои толку упорно се трудат да докажат дека на балканот сите се доселени во средниот век освен нив и дека тие имаат континуитет уште од антиката па се до денес, како и нивното тврдење дека античките Македонци се грчко племе! Како прво би сакал да го нагласам фактот дека словенските освојувања допираат се до Пелопонес и дека на него повеќе од два века се говори словенски се до повратокот на Византија на тие територии! Всушност вистинскиот чувар на грчкиот јазик е Византија во која од времето на Јустинијан I (527-565) веќе не се користи латинскиот туку грчкиот како официјален јазик на “Римската (Ромејската) Империја” односно на Византија! Како второ античките Македонци се сигурно народ поблизок на античките Грци отколку на Словените но со сигурност не се Грчко племе што го докажуваат повеќе факти од кои јас ќе наведам два:

Првиот, судењето на Александровиот војсководец Филота при која на прашањето на кој јазик сака да се одвива судењето тој одговара на Елински (античко Грчки) при што Александар го напаѓа со зборовите: “...зар не гледате, тој се срами и од јазикот на нашите татковци…” што значи дека Грчкиот не е мајчин јазик на Македонците, на што Филота одговара: “не, јас само сакам да ме разберат сите овде присутни…” што го потврдува фактот дека Грчкиот бил интернационален јазик во тоа време (како денес Англискиот) имајќи предвид дека судењето се одржува во источна Персија;

Вториот, фактот дека во еден момент Александар на МАКЕДОНСКИ ја повикува својата гарда, односно штитоносци!
Сакам да непоменам дека ова докажува дека античките Македонци не биле Грци, а не дека ние имаме ексклузивно право и дека сме директни потомци на нив, но и никој не смее да ни го оспори правото да се повикуваме на името и традициите на античка Македонија!
Сакам и да напоменам дека многу малку е разгледувано прашањето за силувањата и колежите кои при поминувањето на Балканот ги направиле Крстоносцитеи промената на етничката структура која е направена со тоа!
Би сакал да го наведам и Османлиското владеење од повеќе од половина милениум на Балканот кое оставило свои траги, иако во поголем дел на поле на културата него на генетиката, а тоа се должи пред се на практиката на Османлиите за одведување на девојките кои им се допаѓаат кое го практикувале повеќе од силувањето! Затоа можеме слободно да кажеме дека Османлиите имаат повеќе земено одколку оставено од и на Балканот!
За крај морам да напоменам дека ниедна граница на Балканот не е буквална и дека сличноста на народите е огромна!

Околу демагогијата

Кога го изнесов своето гледање за етногенезата на денешните Македонци но и на некои други балкански народи би сакал да почнам со разгледувањето на прашањето за демагогијата на одредени политичари во Република Македонија!
Најпрво, би сакал да го елаборирам ликот и делото на г-динот Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија. Во времето кога тој беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ партијата беше многу често обвинувана за бугарофилство кое продолжи се до денес! Проблемот е што во негово време господинот Георгиевски воопшто не се противеше на тоа што ВМРО-ДПМНЕ и неговите членови го негуваа митот за античките корени на денешните Македонци и силно настапуваше против секаков вид на актуелизирањето на славјанскиот/словенскиот елемент во етногенезата, се со цел отргнување на Македонија од преградките на Југославија и намалување на Југо-носталгицизмот на Македонците кој беше можеби најголем за разлика од сите останати народи на СФРЈ!
Денес, Љубчо Георгиевски пишува колумни во кои се гледа дека неговиот став за потеклото на Македонците воопшто не се разликува од оној на неговите легендарни противници, во прв ред Бранко Црвенковски, а тоа се гледа од неговата колумна “За внуците на Аминта“!
Сакам да го потенцирам фактот дека СДСМ од почетокот на плурализмот во Македонија го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за бугарофилство! Така беше се до пред една година кога почнаа да обвинуваат за наводна “антиквизација” на Македонија со градењето на споменици на плоштадот Македонија од кои само еден е за личност од античкиот период, оној на Александар Велики, додека сите останати се на личности од останатиот период на Македонија! Последните обвинувања на СДСМ и нивните инсталации во наводните НВО-а се дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја србизира Македонија со возобновувањето на Црквата СВ. Константин и Елена, офицерскиот дом и банката, затоа што сите потекнуваат од српското владеење во Македонија!
Јас би им дал еден совет, кога ќе направат една конструкција да си се држат за неа, полесно ќе им оди!
Но да видиме што всушност се случува со СДСМ! Имено додека на чело на Владата и на чело на СДСМ беше Владо Бучковски тој најави ревизија на некои случувања во историјата и заедничко славење на нашите заеднички празници како Илинден! Бучковски исто така наведе дека поголемиот дел од историјата ни е заеднички со историјата на Бугарите! Би сакал да запрашам кој кого обвинува за бугарофилство?!
Ако СДСМ е против антиквизација на Македонија би сакал да запрашам зошто тогаш дозволи на знамето на Република Македонија да се најде Сонцето од Кутлеш (Вергина) иако тие подоцна го сменија, сепак на знамето остана сонце кое го симболизира континуитетот?! Доколку СДСМ е против антиквизација на Македонија тогаш зошто не дозволи на знамето и грбот на Република Македонија да се најде златниот лав на црвена подлога, средновековен синбол на Македонија и со тоа да го спречи од старт спорот со Грција! Всушност, тоа го направија и Хрварска, Србија и Црна Гора!
Дали СДСМ ги вади обвинувањата од ракав и ги користи зависно од потребите, проценете сами!!!
ВМРО-ДПМНЕ во денешниот состав само сака да даде континуитет на историјата на Македонија и со градењето на спомениците на видни личности од антиката до денес го прави токму тоа!
Што ќе се случува во иднина и како ќе атерираат нечии ставови останува да видиме.

No comments:

Post a Comment