25 January 2018

Како да Ви кажам...?!

Како да Ви кажам дека немам желба да ги напишам ниту овие неколку реда?! Ама ајде, и онака ја допив пијачката.
Како да Ви кажам дека немам желба да Ви објаснувам дека не буткате режим и дека не носите правда туку да Ви укажам да го изберете помалото зло!
Како да Ви кажам дека ми е криво кога Ве гледам како полека сфаќате дека диктатурата на Груевски беше помало зло од оваа анархија!
Како да Ви кажам дека и јас бев свесен за неправдите кои секојдневно беа нанесувани на огромен број на граѓани на оваа наша државичка, на нам блиски луѓе па и на нас самите, ама ете, бев малку поинформиран (не попаметен) од Вас и истрениран подобро да ги процесуирам информациите од овој карактер па знаев од прилика што не чека!
Како да Ви кажам дека и јас веќе немам желба да се борам. Единствено се борам за моето дете да има колку толку сигурна блиска иднина (денови и недели) бидејќи за малку подалечната навистина не можам а можеби и несакам да предвидам односно претпоставам што ќе ни донесе!
Како да Ви кажам дека и јас самиот со месеци немам гледано вести на телевизија, единствено ќе отворам Time.mk и ќе видам агрегатот што ми сервира. И секојдневно минутите поминати на ова се се' помалку и помалку...
Smooth Loinge на Radio Tunes и FINE LIVING на телевизорот и да видиме каде ќе не исфрли водата!