27 October 2008

СЕМЕЈСТВОТО - основна единка на секое општество

Семејството претставува основа за постоењето на секое општество. Досега историјата не памети да основна стуктурална единка на било кое општество биде било кој друг облик на организација освен семејството. Доколку не постои мнозинство стабилни семејства во општеството кое го сочинуваат, односно семејствата на одредена област, територија или држава кои ги населуваат не се потпираат на цврста традиционална организација и моралните вредности кои традиционално го одржуваат семејството се заменат со други настанува процес на распаѓање на целото општество! Кризата која ги зафаќа модерните западни цивилизации односно пред се Европските земји (додека САД сеуште успева да одолее на предизвикот) но и бившите комунистички земји со Русија на чело се повеќе би требало да почне да ги загрижува лидерите на тие земји. Во Русија на пример 70% од забременувањата завршуваат со абортус!!! Овој податок е фрапантен. Македонија е една од петте Европски земји со најголем наталитет, но тоа пред се се должи на Албанската популација! Доколку се споредат само Македонските граѓани кои се со Христијанска вероисповест тогаш и во Македонија наталитетот е во Европскиот просек. Македонската Влада ја уочи опасноста и се обиде да превземе нешто со овој проблем, колку ќе успее ќе видиме. Се надевам дека традиционалното Христијанско семејство ќе опстои и опасноста која ја зафаќа цела Европа со која таа како што вели Mark Steyn во својата книга АМЕРИКА ОСАМЕНА се претвора во Еурабија ќе успееме да ја надминеме.

22 October 2008

ДО КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА?!!!

Албанците во Македонија скоро во секое место на живеење имаат истакнато прилично доста албански знамиња. Возејки од Скопје до Охрид гледате 20 - 30 албански знамиња, а од Скопје до било кој дел од источна Македонија (за западна не ни станува збор) гледаме не повеќе од 5 - 6 знамиња и тоа сите службено, а ниедно индивидуално поставени!!! Овде не станува збор за ништо друго освен за ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈА!!! Одбележи ја својата територија и постави знаме на твојот дом, твојата куќа, твојата зграда, твојата улица! Без разлика дали станува збор за Државното Знаме, Сонцето од Кутлеш или пак Лавот, постави го и чуствувај се свој на своето!!!


07 October 2008

СОЦИЈАЛИЗAМ НА ЗАПАДЕН НАЧИН

САД интервенира со 700 билиони (милијарди) долари во својата економија, Британија национализира банка, ЕУ спрема свои државни интервенции во пазарот?! Не ми е јасно што точно се случува?! Па нели ова беа најкапиталистичките држави во светот, нели ја поддржуваа приватната иницијатива и немешањето на државата во пазарот, нели понудата и побарувачката сами треба да ја одредуваат цената итн. Да се случеше ова за време на СТУДЕНАТА ВОЈНА сигурно СССР ќе постоеше сеуште, а ЕУ немаше да биде тоа што е!!! Според мене ова е само еден показател дека ништо нема унифицирани правила и некои кодекси туку едноставно или ќе се адаптираш со условите или ќе влијаеш и ќе ги измениш или ќе исчезнеш, така е во природата, така покажува и историјата а така е и во модерното општество!!!