07 October 2008

СОЦИЈАЛИЗAМ НА ЗАПАДЕН НАЧИН

САД интервенира со 700 билиони (милијарди) долари во својата економија, Британија национализира банка, ЕУ спрема свои државни интервенции во пазарот?! Не ми е јасно што точно се случува?! Па нели ова беа најкапиталистичките држави во светот, нели ја поддржуваа приватната иницијатива и немешањето на државата во пазарот, нели понудата и побарувачката сами треба да ја одредуваат цената итн. Да се случеше ова за време на СТУДЕНАТА ВОЈНА сигурно СССР ќе постоеше сеуште, а ЕУ немаше да биде тоа што е!!! Според мене ова е само еден показател дека ништо нема унифицирани правила и некои кодекси туку едноставно или ќе се адаптираш со условите или ќе влијаеш и ќе ги измениш или ќе исчезнеш, така е во природата, така покажува и историјата а така е и во модерното општество!!!

No comments:

Post a Comment