27 October 2008

СЕМЕЈСТВОТО - основна единка на секое општество

Семејството претставува основа за постоењето на секое општество. Досега историјата не памети да основна стуктурална единка на било кое општество биде било кој друг облик на организација освен семејството. Доколку не постои мнозинство стабилни семејства во општеството кое го сочинуваат, односно семејствата на одредена област, територија или држава кои ги населуваат не се потпираат на цврста традиционална организација и моралните вредности кои традиционално го одржуваат семејството се заменат со други настанува процес на распаѓање на целото општество! Кризата која ги зафаќа модерните западни цивилизации односно пред се Европските земји (додека САД сеуште успева да одолее на предизвикот) но и бившите комунистички земји со Русија на чело се повеќе би требало да почне да ги загрижува лидерите на тие земји. Во Русија на пример 70% од забременувањата завршуваат со абортус!!! Овој податок е фрапантен. Македонија е една од петте Европски земји со најголем наталитет, но тоа пред се се должи на Албанската популација! Доколку се споредат само Македонските граѓани кои се со Христијанска вероисповест тогаш и во Македонија наталитетот е во Европскиот просек. Македонската Влада ја уочи опасноста и се обиде да превземе нешто со овој проблем, колку ќе успее ќе видиме. Се надевам дека традиционалното Христијанско семејство ќе опстои и опасноста која ја зафаќа цела Европа со која таа како што вели Mark Steyn во својата книга АМЕРИКА ОСАМЕНА се претвора во Еурабија ќе успееме да ја надминеме.

No comments:

Post a Comment