21 March 2009

ЗАБРАНЕТО ЗА ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЦИ!!!

Законот кој беше донесен со цел да се стимулира наталитетот во општините со наталитет помал од 2,1‰ од Уставниот Суд е оценет како дискриминаторски и донесена е одлука тој да важи на територијата на цела Република Македонија, односно префрлена е одговорноста на Владата за поништување на законот бидејќи е сосема сигурно дека буџетот нема да може да го издржи тоа! Јас би побарал јавно од Уставниот Суд да се поништат и законите за позитивна дискриминација на сите малцински заедници во Република Македонија со кои малцинствата добиваат можност на бесплано студирање иако нивниот просек заостанува многу зад Македонците кои си плаќаат регуларно за студиите, законите со кои со позитивна дискриминација им се овозможува на кадри кои се помалку квалитетни односно на интервјуата имаат далеку помалку поени од кандидатите Македонци да добијат работно место само затоа што се припадници на некое малцинство и уште ред други примери на т. н. ПОЗИТИВНА ДИСКРИМИНАЦИЈА!!! Јас како граѓанин на Република Македонија се чуствувам ДИСКРИМИНИРАН само затоа што сум Македонец!!! Мислам дека е редно време да си ги побараме своите права како мнозинство и да не дозволиме некои т. н. невладини организации да го бранат правото само на некои малцински групации како етнички, така и сексуални, па и на некои групи со криминално однесување!!! Време е и обичните Македонци да ги добијат своите права во Република Македонија!!!