14 February 2012

ACTA - Заштита на авторски права или глобална цензура

Во мојата претходна колумна исто така пишував за ACTA и за нејзиното влијание врз нашата слобода, но некако се чуствувам недоречен а мислам дека така ќе биде и по оваа, се додека не знам со сигурност дека интернетот ќе остане слободна зона во светски рамки!
Која е навистина целта на ACTA, заштита на интелектуалната сопственост и авторските права на светско ниво или пак глобална цензура!
Ајде да започнеме со малку историја! Дали знаете дека и децата на египетските фараони имале играчки кои функционирале на пареа повеќе од два и пол милениуми пред Џејмс Ват да ја направи парната машина. Зошто тогаш не ја искористиле во практиката? Затоа што имале повеќе милиони поданици кои слепо ги следеле и нивниот труд бил доволно евтин за да не мораат да мислат за некоја друга инвестиција!

12 February 2012

Anti-Counterfeiting Trade Agreement

Anti-Counterfeiting Trade Agreement или ACTA, нешто за кое што за прв пат слушнав пред неколку месеци. Според неговите приврзаници ACTA се залага за заштита на авторските и интелектуални права низ целиот свет. Што всушност претставува ACTA?
Замислете дека одите на концерт, таму правите неколку слики и еден видео клип со вашиот мобилен телефон, сликите ги ставате на facebook, а клипот на YouTube. Епа според ACTA вие сте направиле криминал, односно сте ги прекршиле правата на весникот односно телевизијата која имала право да го снима и слика овој концерт. Доколку пак имате симнато некој пократок филм и истиот го објавите на YouTube тогаш пак го имате прекршено законот! Она што е страшно е што казните кои се предвидени освен парични кои би биле повеќе од вашата животна заработка може да бидат и затворски и тоа над 5 години, колку што во некои случаи се лежи за убиство!