Anti-Counterfeiting Trade Agreement или ACTA, нешто за кое што за прв пат слушнав пред неколку месеци. Според неговите приврзаници ACTA се залага за заштита на авторските и интелектуални права низ целиот свет. Што всушност претставува ACTA?
Замислете дека одите на концерт, таму правите неколку слики и еден видео клип со вашиот мобилен телефон, сликите ги ставате на facebook, а клипот на YouTube. Епа според ACTA вие сте направиле криминал, односно сте ги прекршиле правата на весникот односно телевизијата која имала право да го снима и слика овој концерт. Доколку пак имате симнато некој пократок филм и истиот го објавите на YouTube тогаш пак го имате прекршено законот! Она што е страшно е што казните кои се предвидени освен парични кои би биле повеќе од вашата животна заработка може да бидат и затворски и тоа над 5 години, колку што во некои случаи се лежи за убиство!
Плагијаторството е измислица на модерното време, но она што претставува вистински проблем се бизарните граници кои почна да ги зазема. Компанијата Apple ја тужи компанијата Samsung поради тоа што нивниот Galaxy наликувал на IPhone на Apple!
Замислете на пример Адам Озборн да речел не може друг освен мене да произведува преносни компјутери бидејќи дизајнот наликува на мојот! Колку ли уназадени би останале! Позајмувањето на веќе објавени идеи не е криминал, криминал е доколку украдеш туѓа идеја и ја претставиш за своја.
Што ако некој рече дека го заштитува терминот ракија исто како што се тврдеше дека Словенија го заштитила ајварот, па никој друг не може да продава под тоа име! Тоа е глупост! Може да се заштити терминот „Ајварот на Џани“ или „Ракијата на Џани“, но не само ајвар или ракија бидејќи секој производ кој го содржи познатиот состав на продукти за производство на истите претставува тоа. Замислете кога би имало само едно виски! Затоа има Ballentine's, Johnny Walker и мене лично омилениот Jameson, како и многу други и сите тие се виски!
Во мојата претходна колумна насловена „Глобализација“ јас веќе напишав за тоа што мислам за начинот на кој што функционираат модерниот пазар и модерното производство, а со тоа и модерното општество!
Јас сум десничар и сум поборник за заштита на личната сопственост, но ова кое што западното капиталистичко општество предводено од САД го прави под изговор на заштита на личната сопственост е преседан! Ова претставува воведување на демократура наместо демократија и тоа на мала врата! Со што се разликува цензурата која ја прави САД со цензурата која ја прави Кина освен по изговорот за тоа од која причина ја прават, едните за заштита на јавното, а другите на приватното добро! САД, земјата на слободните и домот на храбрите!
Јас ги подржувам Anonymous во борбата против бесмислената заштита на некакви измислени права, ги подржувам во борбата против корпоративната алчност и ги подржувам во борбата против тивкото инсталирање на некој нов светски поредок, се надевам дека тоа ќе го направите и вие!

No comments:
Post a Comment