20 October 2018

Македонија

За жал Македонија таква каква што ја сакав и за каква што се борев многу скоро ќе ја нема!

Северна ќе биде дел од големото блудничаво семејство на убијци и рекетари кои креираат конфликти по целиот свет, конфликти во кои секојдневно стотици невини жртви ги губат своите животи за светските моќници преку овој инструмент да си ги остварат своите цели додека сите други се обична бројка и нивни верни слуги!!!

22 June 2018

Кратка историја на Република Северна Македонија

Република Северна Македонија беше формирана со договорот потпишан во селото Псарадес (на Македонски / официјален јазик на Северна Македонија, село Нивици) село на јужниот брег на Преспанското Езеро) на 17 Јуни 2018 година. Со договорот се затвори и последното југословенско поглавје во историјата односно Поранешната Југословенска Република Македонија (или дотогашната Република Македонија) официјално како втора страна на договорот прифати да биде именувана како Република Северна Македонија, граѓаните да бидат именувани како Македонци / граѓани на Северна Македонија и јазик Македонски / јазик на Северна Македонија.
Од страна на Република Северна Македонија со овој договор официјално се доби признание дека Македонците (етнички Македонци) се дел од современата Грчка нација и дека современата Република Северна Македонија нема никаква историска врска и културолошко наследство со истите.
Договорот беше потпишан од Никос Котѕиас, Министер за надворешни работи на Грција и Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Северна Македонија.
На договорот се спротивстви опозицијата од двете земји, а тогашниот Претседател на Република Северна Македонија (тогаш сеуште Република Македонија) д-р Ѓорге Иванов одби да го потпише законот за ратификација на истиот.

25 January 2018

Како да Ви кажам...?!

Како да Ви кажам дека немам желба да ги напишам ниту овие неколку реда?! Ама ајде, и онака ја допив пијачката.
Како да Ви кажам дека немам желба да Ви објаснувам дека не буткате режим и дека не носите правда туку да Ви укажам да го изберете помалото зло!
Како да Ви кажам дека ми е криво кога Ве гледам како полека сфаќате дека диктатурата на Груевски беше помало зло од оваа анархија!
Како да Ви кажам дека и јас бев свесен за неправдите кои секојдневно беа нанесувани на огромен број на граѓани на оваа наша државичка, на нам блиски луѓе па и на нас самите, ама ете, бев малку поинформиран (не попаметен) од Вас и истрениран подобро да ги процесуирам информациите од овој карактер па знаев од прилика што не чека!
Како да Ви кажам дека и јас веќе немам желба да се борам. Единствено се борам за моето дете да има колку толку сигурна блиска иднина (денови и недели) бидејќи за малку подалечната навистина не можам а можеби и несакам да предвидам односно претпоставам што ќе ни донесе!
Како да Ви кажам дека и јас самиот со месеци немам гледано вести на телевизија, единствено ќе отворам Time.mk и ќе видам агрегатот што ми сервира. И секојдневно минутите поминати на ова се се' помалку и помалку...
Smooth Loinge на Radio Tunes и FINE LIVING на телевизорот и да видиме каде ќе не исфрли водата!