22 June 2018

Кратка историја на Република Северна Македонија

Република Северна Македонија беше формирана со договорот потпишан во селото Псарадес (на Македонски / официјален јазик на Северна Македонија, село Нивици) село на јужниот брег на Преспанското Езеро) на 17 Јуни 2018 година. Со договорот се затвори и последното југословенско поглавје во историјата односно Поранешната Југословенска Република Македонија (или дотогашната Република Македонија) официјално како втора страна на договорот прифати да биде именувана како Република Северна Македонија, граѓаните да бидат именувани како Македонци / граѓани на Северна Македонија и јазик Македонски / јазик на Северна Македонија.
Од страна на Република Северна Македонија со овој договор официјално се доби признание дека Македонците (етнички Македонци) се дел од современата Грчка нација и дека современата Република Северна Македонија нема никаква историска врска и културолошко наследство со истите.
Договорот беше потпишан од Никос Котѕиас, Министер за надворешни работи на Грција и Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Северна Македонија.
На договорот се спротивстви опозицијата од двете земји, а тогашниот Претседател на Република Северна Македонија (тогаш сеуште Република Македонија) д-р Ѓорге Иванов одби да го потпише законот за ратификација на истиот.
Во Октомври 2018 година за договорот беше организиран референдум заедно со предвремени парламентарни избори  на кои што Владата на Премиерот Зоран Заев доби поддршка од дури 83 пратеници, а граѓаните ја изразија својата желба за прифаќање и имплементирање на одредбите од договорот иако изборите и референдумот ги одбележа рекордно ниска излезеност од едвај 52% од населението на Северна Македонија. Веднаш потоа беше изгласана недоверба на Претседателот Иванов и беа извршени промените на Уставот.
Наредната 2019 година Северна Македонија стана членка на НАТО пактот (таа е последната држава која влезе во пактот пред неговото официјално распаѓање) и ги отпочна преговорите за влез во Европската Унија.
Кога се се' чинеше дека на Северна Македонија конечно и тргна, во 2020 година беше организиран попис на населението. Граѓаните од албанската етничка заедница беа непријатно изненадени кога со пописот увидоа дека не постои графа за изјаснување на етничка припадност туку само мајчин јазик.
Наредните неколку години притисокот од албанската етничка заедница во Северна Македонија растеше и се бараше повторување на пописот со можност за етничко изјаснување, нешто што беше категорично одбиено од страна на Владата на Северна Македонија од причина што тогашната мнозинска заедница сеуште се изјаснуваше како Македонска односно како етнички Македонци, нешто што со договорот со потпишан со Грција беше признаено како дел од современата грчка нација.
Со оглед дека проблемите нараснуваа а етничките Албанци бараа референдум за конечно решавање на своите права преку самоопределување, во 2025 година истиот беше организиран и беше одлучно дека 22 општини со мнозинско етничко албанско население кое не сака да се нарекува Македонци / граѓани на Северна Македонија се припојуваат кон Република Албанија.
По новонастанатата состојба беше свикан советот за безбедност на Обединетите Нации на кој беше донесена резолуција со која, по разгледувањето на фактите дека близу 400.000 жители на останатиот дел од Северна Македонија себе си се изјасниле како Бугари, беше одлучено останатиот дел од Северна Македонија да се приклучи кон нејзината матична држава Република Бугарија и на тој начин двата дела од Северна Македонија станаа дел од Европската Унија.
Она што е највпечатливо е дека кратко по имплементацијата на договорот Министерот за надворешни работи на Северна Македонија се повлече од функцијата поради здравствени проблеми со десната рака. Суеверните велат дека тоа е поради клетвата која неговиот татко Димитар Димитров ја има дадено уште две децении пред потпишувањето на договорот која гласи „Да му се исуши раката на тој кој ќе потпише промена на името“, но останатите ова го препишуваат на преголемото користење на психотропни супстанци.
Зоран Заев, последниот Премиер на Северна Македонија остана на својата функција до самиот крај од постоењето на Северна Македонија. Тој е денес Градоначалник на Општината Струмица, Република Бугарија, иако често слободното време го поминува во својата вила во Неа Мудања, Македонија, Грција и сеуште ужива во возењето на мотори и четирцикли.

No comments:

Post a Comment