20 October 2018

Македонија

За жал Македонија таква каква што ја сакав и за каква што се борев многу скоро ќе ја нема!

Северна ќе биде дел од големото блудничаво семејство на убијци и рекетари кои креираат конфликти по целиот свет, конфликти во кои секојдневно стотици невини жртви ги губат своите животи за светските моќници преку овој инструмент да си ги остварат своите цели додека сите други се обична бројка и нивни верни слуги!!!

Во ова блудничаво семејство е грев и казниво со закон доколку ги осудуваш и омаловажуваш разните девијантни појави во општеството како наркоманијата, хомофобијата па дури и педофилијата!!!

Извинете но јас не сакам да бидам дел од ова семејство, не дури ни под уставното име на мојата мила мајка Македонија!

На сите среброљубци од моето опкружување сакам да им го честитам овој „успех“, што би рекле нашите стари „крв да Ви се стори“!!!

Јас направив се што можам да го спречам овој процес и за разлика од некои мои „блиски“ кои успеаа да го фатат возот на прогресивното крило, јас останав на моите позиции до самиот крај!

За многу скоро време голем дел од моето делување ќе биде прогласено за нелегално, со оглед на тоа дека во моите очи NATO засекогаш ќе остане организација која под итно мора да се расформира и да престане да постои, а тоа ќе биде оценето како работа против „државните интереси“!!!

Се обидувам да најдам тронка надеж дека не е се завршено, но се плашам дека не е така! Се надевам само дека ќе дојдат нови генерации на Македонци кои ќе бидат похрабри, подобри и попаметни од нас и дека ќе успеат да ја воскреснат Македонија и да ја направат она што заслужува да биде, како и дека ќе успеат да ги искоренат сите декадентни појави во болното општествено ткиво!

Јас тука завршувам,

Бог да ја благослови Македонија!!!

No comments:

Post a Comment