Транзиција е зборот кој одбележа цела една генерација! Мислам дека кога во иднина ќе се збори за мојата генерација таа ќе се опишува како “транзициона”! Но за да има иднина во која овој период би можел да се опишува како некое црно минато на нашата младост кое не направило уште посилни ние најпрво треба да се соочиме со реалноста која вели дека доколку продолжиме да ја живееме декаденцијата која овој период ни ја донесе ние ќе исчезнеме како народ!!!
Најпрво би сакал да дадам краток осврт на начинот на живот кој оваа транзиција ни го донесе а кој мислам дека не одмина никој од нас. Забавите до утрински часови проследени со големо количество на алкохол, цигари, во некои случаи и одредени дроги, повеќе сексуални партнери истовремено е главно обележје на животот на повеќето тинејџери и адолесценти во нашата држава! Недостатокот на финансиски сретства ги одалечи родителите од децата, ги разнебити семејствата ги уништи традиционалните семејни односи и сето тоа во име на поквалитетен живот!!! Но дали е така?! Додека родителите трчаат по пари кои наводно се помалку ги имаат и градат кариери, децата се повеќе трошат на разни пороци кои веќе ги наведов!!! Кариеризмот е главното обележја пак на возрасните индивидуи во нашето општество! За успех во кариерата е дозволено да се запостави семејството затоа што како што тие велат тоа е за доброто на семејството, односно во блиска иднина сето тоа ќе се исплати!!! И што потоа?! Трчањето по кариера никогаш нема крај, а таа блиска иднина не е баш така блиска!!! Децата растат со Џорџ Мајкл и Мадона како “супститут родители”, а “најдобри другари” им се лицата од серијата “Очајни домакинки”!!! Вредностите кои т. н. Модерно општество им ги нуди се навидум безопасни, но за кратко време семејството почнува да се распаѓа! Дали е тоа цената која треба да ја плаќаме за нашиот успех?! Разводи, малолетничка деликвенција, дрога, проституција!!! На крајот утехата ја бараме во најдобрата другарка на нашите деца, или пак во нивниот другар зависно од афинитетите!!! Средновечни мажи седнати на сепарињата на скопските дискотеки со девојчиња постари по 3 – 4 години од нивните деца!!! И тоа е за нас опис на успешен човек во нашето транзиционо општество!!!
Да се вратиме на вредностите. Она што мене ќе ме направи успешен човек барем според мене е тоа кога јас и мојата сопруга ќе имаме своја куќа со 3 – 4 дечиња, еден златен ретривер, две просечни коли и Македонско знаме кое ќе се вее во мојот двор!!! Тоа се вредностите кои за мене се вистински!!! Доколку некој мисли поинаку тоа е негово право кое не ме загрижува многу бидејќи таквите личности најчесто имаат по едно дете кое мислат дека она што би го направило најсреќно е џепарлак од 500 денари дневно!!! Тие и така немаат време за своите деца а тие стануваат пропаднати случаи на нашето модерно општество!!! Додека тие ја применуваат религијата чисто модернистички со нејзино практицирање само на Божиќ и Велигден, а Црквата ја разбираат како услужна институција која нуди крштевки, венчавања и погреби, нивната Вера во Бога изостанува во секоја можна комбинација!!! На крајот тие семејства пропаѓаат и нивното место ги зазема некој друг!!!
Но проблемот не е во тоа што некои општествени индивидуи отстапиле од традиционалните семејни норми туку проблемот е во тоа што целото општество отстапува од нив, па сето она што е настрано и неморално почнува да ни изгледа како нормално па дури и да се прикажува како нешто кое што е обележје на секој успешен модерен човек!!! На крајот целото општество запаѓа во колапс, наталитертот е помал од морталитетот, абортусот од исклучок станува пракса и сето тоа во име на модерното живеење!!! А на наше место доаѓаат некои други попримитивни со помало образование, со пониска култура и слично, но нивната предност е она кое што ние го немаме, а тоа е конзервативизмот иако на некој друг начин!!! Нивниот конзервативизам е многу поекстремен, позатворен поригорозен, понационалистички и што ли уште не, но ние не се грижиме за тоа во име на либерализмот и слободата за избор на секој!!! Епа добро јас избирам да го убијам пола Скопје и дали имам право тоа да го направам?!!! Се разбира не! Но тие луѓе правото на слободен избор го сваќаат толку општо што демократијата ја претвораат во анархија!!!
Ова е мое мислење за проблемите кое го уништуваат македонското општество, а доколку некој смета и понатаму дека начинот на живот кој го наведов како опасен е сосема нормален тоа е негово право, исто како што е и мое право да ги бранам вредностите во кои верувам!
No comments:
Post a Comment