Завчера видов дека на плоштадот Македонија, покрај камениот мост е поставен огромен јарбол од околу 20 - 25 метри на кој се вее државното знаме кое е долго најмалку 5 - 6 метри! Но истото го има и на скопското кале, а ми кажаа дека истото го има и пред Македонското Собрание!!! Исто така на повеќе места низ Скопје има исцртано графити со картата на етничка Македонија и сонцето од Кутлеш во неа, а над неа е напишано МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!!! Конечно, да се знае каде живееме!!! Веќе имам напишано еден пост на оваа тема насловен „ДО КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА?!!!“ Се надевам дека поставувањето на знамиња но и на споменици и други национални инсигнии ќе продолжи и Македонија ќе го добие изгледот како што навистина треба да изгледа - МАКЕДОНСКИ!!!
No comments:
Post a Comment