27 January 2009

Двојниот аршин на левичарите во врска со националниот идентитет!!!

За време на протестите против промена на уставното име на Република Македонија пред околу 9 месеци една личност со либерално левичарско убедување (ако таков навистина постои во државава) ми велеше дека ВМРО-ДПМНЕ е онаа која ќе го предаде Македонскиот национален идентитет и дека мнозинството од раководството на ВМРО-ДПМНЕ има според него бугарска национална свест!!! Јас џабе се трудев да го разубедам дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е чувар на Македонскиот национален идентитет!
Тој прашуваше: Каде ви се сега знамињата со сонцето од Кутлеш, или него го вадите само да го лажете народот, а по 1998 исчезна и мавтате само со црвено-црното знаме на Ванчо Михајлов!
Јас му одговорив: Тоа не е знаме на Ванчо Михајлов туку на ВМРО а сонцето од Кутлеш како и лавот на црвена подлога се етнички Македонски знамиња односно симболи!
Сепак неоснованата расправија продолжи. По само неколку месеци откако Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Премиерот Груевски покажа и докажа дека е цврсто убедена за зачувување на чисто Македонскиот национален идентитет од истиот тој и сличните на него левичари е обвинувана за националистичка и не објективна бидејќи сме развивале национализам со прикажувањето на сонцето од Кутлеш насекаде бидејќи Македонскиот национален идентитет бил комплексен и содржел многу повеќе од античко Македонски идентитет!!!
Сакам на истите тие да им порачам дека Македонците се свесни за својот идентитет и имаат почит кон сите оние кои оставиле свој белег во него од антиката до денес! Проблемот е на тие "левичари" да одлучат што всушност тие сакаат да кажат! Спинувањето на информациите и неоснованото напаѓање не наштетуваат многу на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски но сигурно наштетуваат многу на Македонскиот народ! Затоа би ве замолил следниот пат најпрво да размислите два пати пред неосновано да напаѓате и кудите некого!!!

No comments:

Post a Comment