26 June 2009

Национална припадност: КОМУЊАР!

Веќе неколку пати имам пишувано за конструкциите и обвинувањата кои т. н. социјал демократи ги испорачуваат на сметка на Владата, а најмногу на сметка на ВМРО-ДПМНЕ! Денес пак ќе пишувам за нешто околу тоа, но во правец на нивните обвинувања за бугаризација, па од пред година и половина за “антиквизација” и од пред пар месеци за србизација на Македонија!

Обвинувањата за т. н. “антиквизација”, термин кој го измислија нивните “брилијантни” умови, според некој носела поделба на македонското национално ткиво на античко и словенско и народот се делел, а за сето тоа била виновна владата бидејќи го антиквизирала народот и историјата, а ние демек сме биле словени, како што самиот Киро Глигоров има изјавено во една прилика!



Ако сме само словени, како што тие тврдат, па нели и ние и нашите источни соседи кои го тврдат истото за себе а носат име на едно племе од монгло-турската група на народи (Бугари) сме во заблуда, нели ние словени, тие словени, а носиме имиња од туѓи народи, тогаш Србите се во право, сите ќе испаднеме Срби, но дали е така?!

Етногенезата на еден народ (за која јас пишував во мојот претходен текст) е навистина сложена работа, која сакајќи да ја симплифицира и поедностави до максимум светската историја и големите светски сили дозволуваат да се случуваат вакви гафови, а некои идиоти од внатре во нашата држава тоа го користат за собирање ефтини политички поени, поткопувајќи ја позицијата на сопствената држава!

Доколку и Бугарија добиеше независност и државност во истиот период со нас со сигурност ќе се соочеше со проблемот со идентитетот, т. н. славјански народ, а носи име на монгло-турско племе!!! Но Бугарите немаат таков проблем, тие си го решија своето прашање еден век порано, па сега се комотни во оспорувањето на нашиот идентитет и правењето на тивка коалиција со Грција па и со Србија, оспорувајќи го нашиот идентитет и кажувајќи ни дека Грците се во право, античките Македонци се грчко племе, ние сме западни Бугари, ние сме просрпски сепаратисти и какви уште не други обвинувања!

Проблемот не е во обвинувањата кои стигнуваат од нивна страна, проблемот е во тие кои се тука и ја користат оваа состојба за да се промовираат себе си и да ја обвинат Владата за глупости, наместо да се зафатат да ги најдат вистинските грешки, да ги посочат, да укажат на нив, тие се замараат со глупости и прават огромна штета на својата држава, огромна штета на својот народ! Според нив сега сепак треба да си ја прифатиме тезата на Бугарите дека ние сме нација формирана од Тито и Коминтерната во 30 тите години и дека сме само Бугарски сепаратисти! Изгледа дека всушност бугарашите биле самите СДСМ, или пак они се нешто друго, тие се заинтересирани само за профитот, само за нивниот дел и ништо друго, тие се КОМУЊАРИ!

Македонската Православна Црква пред некој ден повика на единство на народот и повика да се престане со поделбата на народот на антички и словенски Македонци, што е и за поздрав! Нивниот став најдобро го покажува фактот што во административните простории на седиштето на МПЦ покрај државното знаме на Република Македонија и знамето на МПЦ стои и знамето со 16 кракото сонце од Кутлеш (или Вергина како што некои милуваат)!

Јас веќе сум го кажал мојот став, ние сме Македонци ни антички ни словенски, ни германски ни турски, ние сме само Македонци, а сите овие народи учествувале во нашата етногенеза, но неоспорен е фактот дека нашата врска со античките Македонци не е фиктивна!

За крај, би сакал на моите “мили” соседи да им покажам една карта од Византиските провинции во времето на Василиј II Македонецот односно “бугароубиецот” и би им препорачал да разгледаа каде тоа биле распореден провинциите Македонија и Бугарија! Доста ми е од симплификација на историјата, кога ќе успеете да ја видите големата слика јавете се!

No comments:

Post a Comment