14 July 2009

Падот на Византија vs Падот на Европа

Пред 556 години згасна една од Империите со најголем „стаж“ во нам познатата човекова историја, згасна Византија која по падот на Рим во 476 година со својот центар во Константинопол продолжи да постои скоро еден милениум, а сите знаеме што значи 1000 годишен државен континуитет, но како продолжител на Римската Империја како што и самата се нарекува односно како прави Ромеи односно Римјани таа всушност е држава со повеќе од 22 вековна традиција!

Која беше причината за падот на Византија, дали тоа беше економски односно финансиски крах, дали беше крах на политиката, дали Империјата веќе не можеше да го издржи притисокот од т.н. варварски племиња на своите граници или пак опаѓањето на наталитетот на некои свои покраини, клучни за одбраната на Империјата со текот на децениите го земаа својот данок?! Мое мислење е дека сето ова заедно допринесе за падот на Византија односно на Константинопол како нејзино последно упориште!

Падот на Константинопол означи крај на една и започнување на нова ера во светската историја. Римската Империја (тука се подразбира и Византија) повеќе од два милениума ги истрпуваше разните напади од многубројни варварски племиња како од германско така подоцна и од монгло-турско и од словенско потекло, губејќи територии, враќајќи ги под своја власт, интегрирајќи ги “варварските” народи во својот конгломерат и правејќи ги лојални поданици и поголеми Ромеи од родените како такви, но не успеа да одолее на нападите и наездата на Османлиите кои сами си ги навлекоа на својот врат како конфедерати односно сојузници! Која беше причината што за прв пат во својата историја Византија не успеа да интегрира во својот систем една група на народи која таа ја сметаше за варварска и од нив да произведе лојални Ромејски граѓани?!
Векови наназат Константинопол живее од богатството на своите провинции кои некогаш тонат во беда и сиромаштија несакајќи да се откаже од луксузот и конформитетот кој го има стекнато со текот на времето. Империјата троши фондови кои се стекнати во време на некои „силни и скржави“ Императори, а ги троши за својот личен луксуз и непотребен конформитет од некои други, сепак ова е најмалата причина!

Со текот на времето варварите кои го зазедоа западниот дел од империјата некаде кај 12 век станаа пример за воена сила и воена организација, Византија почна да го реформира својот „стратиотски институт“ односно начин на организација на војската по примерот на западно европските сили, за жал овој процес никогаш не заврши успешно (една позитивна работа што Република Македонија успеа да ја направи денес и ја реформираше својата војска по примерот на вооружените сили на САД) и Византија остана да се потпира на туѓата наемничка војска!

Уште еден според мене најбитен факт за падот на Византија е падот на нејзиниот наталитет. Ромеите почнуваат да се оддаваат на разни пороци и наталитетот се намалува за неколку пати! Иако вакви случаи има уште во времето на раната империја, сепак комбинацијата на фактори во овој момент е многу полоша!

За крај, Османлиите се народ со силно врежана идеологија односно религија која не може да се вклопи во Византискиот конгломерат, тие не можат да станат Ромеи како другите народи кои претходно ја напаѓаат империјата!

Ова се факторите кои допринесуваат за падот на Византија, вие самите проценете од погоре даденото уште колку ќе опстои ЕУ! САД може да си го дозволи падот на наталитетот иако нивниот е далеку над европскиот просек со стапка на фертилитет од 2,1 затоа што ги има своите „словени“, има кој да стане лојален граѓанин на САД, тоа се латино Американците. Европа нема веќе кој да ја надоместува загубата и додека САД се латинизира, на Европа и останува да се исламизира и брзо да се прилагодува на промените!

No comments:

Post a Comment