Она што ме плаши околу независноста на Косово се можните судири на балистите и четниците и можните последици од тие судири врз Македонија. Сепак она што ми се допаѓа е тоа што најверојатно Косово ќе биде под ембарго од Србија, но и од доста голем дел од светот!!! Тука ја гледам можноста за заработка на Македонија која најверојатно ќе го удвои извозот за Косово! Ме интересира што ќе се случи со Албанците во Македонија за 20 до 30 години, кога Косоварите ќе добијат своја единствена косоварска национална свест и ќе сватат дека се различни нации од Албанците во Албанија?!!! Па и Германците и Австријците се ист етникум, но различна нација! Сепак нема ништо да нагаѓам за која ќе биде определбата на нашите Албанци и ќе оставам времето да покаже!
No comments:
Post a Comment