08 February 2008

ПРОТЕСТИ НА...

Протести на стечајците, протести на средношколците, протести на...кој е следен? Ама и добро се координирани!!! Изгледа дека СДСМ нема доволно ветерани па на улица ја вади младината!? А ја има? Сеуште постои СДММ? Се виде! Дури помалку од 150 средношколци се собраа! И тоа 2/3 беа таму за да губат часови! "Провидно" е веќе излитена фраза, така да нема што да се каже. Ама нека им биде, затоа што на секоја здрава демократија и треба опозиција, а како што тргнало малку фали во Македонија таа да исчезне! Рејтингот им е помал од оној на нивниот коалиционен партнер ДУИ, така да навистина е дискутабилно кој би можел да биде Премиер доколку некогаш дојдат на власт, иако засега е веројатно дека тоа нема да биде пред Македонија да прати експедиција на месечина!!!

No comments:

Post a Comment