Слушам вчера како луѓево околу мене дебатираат дека доколку сме дозволиле да додадеме уште еден суфикс на оној РЕПУБЛИКА односно ДЕМОКРАТСКА тогаш ќе сме дозволиле на Грците да ни ја земат историјата, односно ќе се потврдело дека оваа МАКЕДОНИЈА нема ништо заедничко со АНТИЧКАТА!!! А да ве прашам? Кога во комунизмот се сменило од Народна Република Македонија во Социјалистичка не гледам како се сменил идентитетот на Македонците, а исто така и со осамостојувањето кога Македонија го доби само прфиксот Република!!! Она што не ми се допаѓа е тоа што низ историјата во минатиот век, едни од нај тоталитарните држави во светот го носеа префиксот ДЕМОКРАТСКА!!! Но сепак овој префикс само го покажува државното уредување и не навлага во името (како на пример НОВА МАКЕДОНИЈА кој е предлог што навистина ни ја руши историјата) Некој велат дека ќе не нарекуваат ДЕМОКРАТСКИ МАКЕДОНЦИ!!! Па зарем досега не нарекуваа РЕПУБЛИКАНСКИ МАКЕДОНЦИ?!!! Мислам дека е навистина глупо да се тврди дека предлогот е лош, освен што имам одбивност кон самиот суфикс поради горе наведената причина! Сепак иако Македонците немале своја држава со ова име уште од антиката па се до 1944, сепак идентитетот на народот се одржал! И античка Mакедонија не била РЕПУБЛИКА туку ИМПЕРИЈА, па сепак континутетот е задржан!!!
No comments:
Post a Comment