Скопскиот плоштад се повеќе почнува да личи како привремено организирано место за панаѓур или пак привремено организирано место за живеење на некое варварско племе, а не на централен плоштад на главниот град на една од најстарите цивилизации во светот. Скопје го губи својот сјај по земјотресот на 26 јули 1963 година, но тоа што потоа се случува во времето на комунизмот кога некои исфрустрирани сељачишта сакајќи да ја донесат иднината што побрзо со некои футуристички градби, трајно го унакажуваат градот и го земаат неговиот дух. И во самостојна Македонија комуњарските наследници продолжуваат да сквернават се што е свето на овој народ па продолжуваат со својата денационализаторска политика не дозволувајќи она што треба да биде срцето на Македонија, нејзиното главно обележја, она што секој турист прво го гледа да се обнови, па продолжуваат да ја опструираат секоја идеја скопскиот плоштад да заличи на нешто Македонско, она што многу помали градови во Македонија го имаат!!! Градот треба да добие монументални градби, треба да го добие офицерскиот дом, не затоа што многу сме носталгични по српското, туку затоа што го личело, треба да го добие новиот музеј со восочни фигури на Македонските херои, да го добие стариот театар, затоа што онаа футуристичка грдосија според мене треба да се минира затоа што е куп бетон и е кич...да добие Црква на плоштадот и за крај треба да ја добие фонтаната со мегаломанска големина во центарот на плоштадот со Александар Велики!!! За крај: преку к.. ми е од купови бетон и стакло, сакам градби што ќе ги личи, а не само набиени футуристички играчки, затоа што Скопје ќе се претвори во првото футуристичко село на 22 век!!!
No comments:
Post a Comment