25 October 2012

Навреденото „женско лоби“

Некаква си група на госпоѓи кои се нарекуваат себе си „женско лоби“ (а никој не знае за што тоа тие лобираат) биле навредени од говорот на Премиерот Груевски кој го одржа на свечената академија по повод празникот „23 Октомври - ден на македонската револуционерна борба“. Премиерот во својот говор напомена дека најголем проблем и најголем предизвик за Македонците во деншницата е наталитетот. Напомена дека наталитетот е алармантно низок и дека Македонија се повеќе станува земја на старци. Премиерот рече дека наместо некои да се знимаваат со вистинските проблеми на Македонското општество тие наметнуваат проблеми од типот „правата на хомосексуалците“, со што во општеството уште повеќе наметнуваат искривени вредности.
Горе споменатите госпоѓи денес се сретнаа лично со Премиерот Груевски и му посочиле дека жените не се машини за раѓање, дека главен проблем за падот на наталитетот е сиромаштијата и дека било навредливо што жените ги гледал како машини за репродукција!
Ај да почнеме од првото, сиромаштијата бил главен проблем?! Па Ромите се најсиромашна заедница во Македонија, 95% од нив се далеку под границите на сиромаштијата, па сепак се заедница со најголем фертилитет! Луѓето од моето опкружување кои имаат деца и се приближно на моја возраст или живеат со примања од околу 500 евра и се под кирија, или пак оние посреќните живеат во стан од 45 квадрати и се трудат да му го обезбедат на своето дете најдоброто што можат!
Проблемот на е во немањето пари, проблемот е во тоа што некој упорно сака да мисли само на себе и на својот задник, само на своите потреби, на кафињата со другарите и пријателите, на петочните шопинзи и саботните викенди во Солун, проблемот е во КОНФОРМИЗМОТ!
Како второ, од Бога даден благослов на жената и е да раѓа, ако некоја решила да не го прави тоа и да ужива во сексот само како во физиолошка потреба тоа е нејзино право, никој со камшик не ја тера да раѓа (барем не во нашата држава и во останатите кои припаѓаат на западната културолошка сфера), само им ги нагласи резултатите од таквите нивни одлуки.
За крај, мојата порака до сите овие душегрижнички кои се загрижени за правата на жената, а имале среќа да се родат во земји од западната културна сфера е слободно да појдат во поголемиот број од Азиските или Афричките држави и да се позанимаваат со правата на жените таму, сепак, тие жени претставуваат повеќе од пола од женската популација во светот!

No comments:

Post a Comment