31 May 2013

Против новиот закон за абортус

Јас го делам мислењето на опозицијата и на вечната душегрижничка и „борец“ за правата на жените г-ѓа Лилјана Поповска дека овој новиот закон за абортус не смее да биде донесен! Го делам мислењето, но не и мотивот!!!
Зошто мислам дека новиот закон за абортус не смее да се донесе, затоа што е ист како оној од 1976 година, а да биде полошо, тој е и полиберален!
Како прво, во законот од 1976 се предвидува прекин на бременоста до 10 недела, без никаква законска можност тоа да се стори потоа, а во новиот се предвидува доколку тоа се направи по 10 недела да биде одобрено од комисија формирана од Министерот за здравство!
Како второ, нема предвидена никаква согласност од сопругот кој во нормални околности треба да е татко на детето! Што се стимулира со ова?! Дали таткото не е родител?
Како трето, кој е тој кој има право да одлучи да одземе нечии живот?!
Абортусот е УБИСТВО! Абортусот не е вадење заб како што некои болни умови сакаат да го прикажат тоа! Правото на избор на жената завршува се до моментот кога таа останува трудна, потоа нестапува правото на животот!!!
Спинот кој што група на феминистки, нео-либерали и комуњари сакаат да прикажат намалување на правата на жените со новиот закон за абортус, а всушност оние на кои се намалуваа правата се токму оние во утобите, оние кои требаат да ја добијат својата шанса да живеат, но нема да ја имаат таа можност затоа што некоја која требала да биде нивна мајка така одлучила! Тука не станува збор за абортуси кои се изведуваат при кога фетусот има сериозни недостатоци или пак го загрозува здравјето на мајката, тука станува збор на конформизмот на таа која наместо да биде мајка избрала да биде убиец на сопственото чедо!!!

За крај, еве две видеа па вие проценете дали сум во право, а под нив можете да најдете линкови до веб страни кои имаат изобилие од информации за абортусот!







www.abortionno.org   www.abort73.com   www.abortusne.org.mk

No comments:

Post a Comment