10 August 2013

100 години Букурешки мировен договор

На денешен ден пред 100 години Србија, Грција, Црна Гора и Романија од едната и Бугарија од другата страна го потпишаа фамозниот Букурешки договор. Со овој договор завршува Втората Балканска војна, а Македонија е „ослободена“ од Отоманското „ропство“ и поделена помеѓу Грција, Србија, Бугарија и новоформираната Албанија.
Оваа окупација на Македонија од страна на соседните држави, обид за асимилација на месното население како и раселување на истото се случило пред очите на големите светски сили. Што тие направиле? Ништо, молечеле исто како и денес!
Денес Македонија е пред уште едно големо искушение, да се откаже од сопствениот идентитет и историја со цел да добие некакви си „придобивки“ како членство во НАТО и Европската Унија. Да не се лажеме, Грција не бара промена на името на државата, тоа така изгледа затоа што тие што го створиа проблемот погрешно го формулираа, Грција бара бришење на Македонскиот идентитет! Грција веднаш би признала постоење на Република Македонија, но со мнозински народ од мешавина на Срби и Бугари, потоа Албанци, Роми, Турци, Власи... но нема да признае постоење на Македонски идентитет надвор од Грчкиот!
На сите ни е јасно дека денес не постојат чисти нации и народи, токму затоа јас би рекол дека сите ние имаме заедничко право на наслетството на историјата на античка Македонија затоа што после повеќе од 2000 години гените на тие луѓе се проширени насекаде низ светот. Впрочем и Грција е на иста линија со мене, таа го поздрави градењето на споменикот на Александар Велики во Иран, но има проблем кога таков се подига во Скопје односно во Македонија!
Само за пример за посебноста на Македонците во антиката би навел два примера и тоа судењето на Филота кога тој бира да се брани на грчки за да може сите да го разберат (затоа што грчкиот е јазик на дипломатијата), на што од Александар рекол дека ете, Филота се срами од јазикот на своите претци (Македонци) и во моментот кога Александар во караницата со Клито „на Македонски ги повикал своите телохранители“!
Потоа има многу факти за опстојувањето на Македонскиот идентитет во средниот век како на пример титулирањето на Цар Душан за Македонски Цар, како и штампарот Божидар Вуковиќ!
И додека Македонецот опстоил во многу потешки времиња, денес самиот се асимилира и преименува, само за да дојде до некои ситни материјални придобивки!
На нас останува дали ќе продолжиме со т.н. преговори и лигавењето или конечно ќе ставиме крај на истите и ќе продолжиме да живееме како Македонци, во многу подобри услови од некои земји членки на ЕУ!

No comments:

Post a Comment