12 August 2011

ЛИЦЕМЕРИЕ

„Убиството на 29 годишно момче - причина за протестите!“
Убиството на 29 годишниот криминалец е повод за почеток на насилството, причината е многу подлабока!
Ова го напишав завчера во контекст на насилството кое се случуваше изминативе неколку денови во сите поголеми градови во Британија а како повод за истите се наведуваше убиството на 29 годишно момче!
Британското општество го симболизираат мулти културна, мулти етничка и мулти конфесионална разноликост која потекнува уште од времето на колонијализмот. Во последните половина век оваа разноликост е се позастапена со оглед што Британија како земја со релативно висок животен стандард е доста привлечна дестинација за милиони емигранти.
Но што е тоа што Британија освен надежта која ја имаат им нуди?! Многу малку!
Британското општество многу малку прави за интеграција на овие луѓе во своето општество, па така додека Британците низ целиот свет делат правда и поуки за соживот, истото тоа не успеваат да го спроведат во сопствената земја!
Огромен е бројот на оние кои во т. н. протести најдоа начин за ситна заработка, но и на оние деликвенти кои без било каква причина уништуваа и дивееа на туѓ имот!!!
Британија најпрво треба да седне и да го реши проблемот во својот двор а дури потоа да продава приказни на останатиот дел од светот!

No comments:

Post a Comment