17 January 2019

Зошто ГРК?!

Мислам дека на поголемиот дел од етничките Македонци (не грчки етнички Македонци) не им е јасно што се случува со поимот етнички Македонец, односно Македонец по народност, не по жителство односно државјанство затоа што така сите ќе бидеме Македонци / граѓани на Република Северна Македонија!
Она што е проблематично е фактот дека како што вчера веќе напишав во претходниот текст „Националност - ГРК“ со договорите склучени со Бугарија и Грција, ние стануваме „Македонци“ по државјанство, но не и по народност односно етничка припадност! Ние со овие договори сме некои „Македонци“ на чии дедовци во 1945 година им текнало така да се нарекуваат а пред тоа „биле нешто друго“!!!
Ова јасно се гледа и од фактот што во новите лични карти и пасоши покрај државјанството на кое на сите ќе стои Македонско / граѓанин на Република Северна Македонија (за сите и на нивниот мајчин јазик), ќе има и националност односно етничка припадност за сите освен за Македонците! Сега ќе речете, добро па ние сме тоа! Да, но само по државјанство, а по етничка припадност?! Епа Мили мои, етничките Македонци според горе наведените договори „стануваат“ хеленско (грчко) племе, односно се признава дека т.н. „етнички Македонци“ се инкорпорирани т.е. се дел од модерната грчка нација!
И ако сега речете добро, што тропа овој, еве Ви ЛИНК до денешен текст од ФОКУС па видете како Никола Димитров се правда пред Грците за тоа дека терминот Македонец означува само државјанство но не и етничка припадност!
Јас повторно ќе го повторам својот став, а тоа е дека на следниот попис јас ќе се изјаснам како ГРК, на сите мои лични документи ќе барам да стои дека сум ГРК и ќе продолжам да ги влечам сите Македонски традиции од антиката па до денес!!!

16 January 2019

Националност - ГРК

На новите лични карти и пасоши покрај државјанство (Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија), предвидено е и етничка припадност, но тоа само за малцинствата но не и за „Македонците“.
Ќе речете па ние сме тоа, да но само по државјанство, а по род?! Етничките Македонци со договорите со Бугарија и Грција станаа дел од грчката нација, а ние најгрубо кажано останавме бугари и срби на кои во 1945 година дедовците решиле да бидат Македонци!!!
На следниот попис ќе се попишам како Грк, ќе барам истото да биде запишано и во мојата лична карта и пасош и со тоа слободно ќе имам право да го користам сето Македонско културно наследство од антиката па до денес, а Вие плаќајте казни за користење на знамето со сонцето од Кутлеш!!!