Ми требаше да помине еден ден да може да ми се смират емоциите и да не напишам се што ми дојде во тој момент за Зоран Заев, првиот премиер на „Република Северна Македонија“, псевдо државата која ја окупираше и последната слободна Македонска територија!
Да почнам со ред. Заев е креатор и духовен татко на неговото генетски модифицирано чедо, „Северна Македонија“, држава во која според него, има се само не Македонци!!!
Всушност, сите ние сме „Македонци / граѓани на Република Северна Македонија“! Точно! Но тоа е нашата националност! Сите сме „Македонци“ по нација односно државјанство, но ние сме етнички, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи... но не и Македонци!!! Според договорите кои Зоран Заев и Никола Димитров ги потпишаа со Бугарија и Грција, етничките Македонци се дел од модерната грчка нација, а ние тука сме нешто друго, Македонци по државјанство но етнички...?!!!