23 July 2019

Зоран Заев и Македонската национална историја

Ми требаше да помине еден ден да може да ми се смират емоциите и да не напишам се што ми дојде во тој момент за Зоран Заев, првиот премиер на „Република Северна Македонија“, псевдо државата која ја окупираше и последната слободна Македонска територија!
Да почнам со ред. Заев е креатор и духовен татко на неговото генетски модифицирано чедо, „Северна Македонија“, држава во која според него, има се само не Македонци!!!
Всушност, сите ние сме „Македонци / граѓани на Република Северна Македонија“! Точно! Но тоа е нашата националност! Сите сме „Македонци“ по нација односно државјанство, но ние сме етнички, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи... но не и Македонци!!! Според договорите кои Зоран Заев и Никола Димитров ги потпишаа со Бугарија и Грција, етничките Македонци се дел од модерната грчка нација, а ние тука сме нешто друго, Македонци по државјанство но етнички...?!!!
Заев и Димитров свесно и со умисла од нас направија Македонци од 1945 година, Македонци на кои бабите и дедовците им биле нешто друго, на пример Бугари!
Непознавањето на процесот на етногенеза на еден народ или уште помалку на мелтинг пот на една нација во модерна смисла на зборот не доведува тука кај што сме! Креатурата со функција премиер се извинува на сите и за сешто, без разлика дали е потребно или не!
За крај, еве Ви извадоци од интервјуто на Заев па Вие самите проценете:



1 comment:

  1. Ете таков не продава - НЕМАКЕДОНЕЦ!Вистинскиот Македонец тоа не и го прави на Македонија ниту на вистината за Македонија.Никогаш нема да ја фрли на хиените.Напротив свесен е за нејзиното непроценливо историско, културно и духовно значење и ја чува како малку вода на дланка, како најдрагоцено нешто на светот, да не згасне нејзиното кандилце на вистината со која таа и по толку рани и ниски удари од суетните и љубоморни големи сили го осветлува светот со ЉУБОВ. Вистински Македонец кој го знае вистинското значење на македонизмот од почетокот до денес, НЕ ЈА УБИВА МАКЕДОНСКАТА ЉУБОВ преку убивање на нејзината вистина.ДА БИДЕШ ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЕЦ ЗНАЧИ ДА СИ СВЕСЕН ЗА ВИСТИНСКАТА ВРЕДНОСТ НА МАКЕДОНИЈА. Тоа е тоа што сакаат да го уништат - вистинската вредност на Македонија и да ја заменат со лажна, а во лагата нема љубов значи тоа нема да биде Македонија.Има еден човек -Македонец на кого грлото му се исуши повторувајќи: Македонци отклучети ги вашите заробени умови, станете свесни за вистината. Тешко е,да, зашто вистината е голема, а не учеле со генерации дека сме ништожни до безвредност (за ЛЕСНО да ни ја земат вистината за Македонија), па сега нам денешниве генерации ни е тешко да поверуваме дури и во очебијните факти за вистината.Оти полесно е да ја прифатиш лагата и да не треба оваа генерација Македонци ова бреме на плеќите да го носи. Сепак, кога и било лесно на Македонија, па и сега да и биде, и на неа и на Македонците. Македонци, ОТВОРЕТЕ ГО УМОТ ЗА ГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА ВИСТИНА, само толку треба И НИШТО НЕМА ДА МОЖАТ СЕАЧИТЕ НА ВЕТАР И МАГЛА. Само треба очи и волја да се види и освести вистината за Македонија. При тоа, вистината не ја барајте во институциите на оваа франкештајн држава и мизерниот живот полн со мафијашки случувања во истата, тоа е реалноста на последиците од нашите затворени умови и очи. Не, јас ви велам видете ја ВИСТИНСКАТА ВРЕДНОСТ НА МАКЕДОНИЈА, НЕЈЗИНОТО КУЛТУРНО, ИСТОРИСКО И ДУХОВНО НАСЛЕДСТВО СОЗДАВАНО СО МАКЕДОНСКА ЉУБОВ и НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ОД НЕЈЗИНАТА ГОЛЕМИНА зашто само ТАА И НАШАТА СВЕСНОСТ ЗА НЕА МОЖЕ ДА НЕ СПАСИ ОД УШТЕ ПОГОЛЕМА БЕДА И СТРАДАЊА! КОГА ЌЕ БИДЕМЕ СВЕСНИ ЗА ГОЛЕМАТА ВИСИТИНА, ЌЕ ЗНАЕМЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ ЗА ДА ОПСТАНЕМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ, ДА ЈА СОЧУВАМЕ ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И ТАКВА ВИСТИНСКА ДА ЈА ПРЕДАДЕМЕ НА ИДНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА МАКЕДОНЦИ.ТОА Е СВЕТА ДОЛЖНОСТ НА СЕКОЈ ЕДЕН НАРОД, НА СЕКОЈА НЕГОВА ГЕНЕРАЦИЈА. МАКЕДОНЦИ САКАЈТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ВРЕДНОСТ НА МАКЕДОНИЈА!


    YOUTUBE.COM
    Suzana Spasovska - Ima edna zemja
    Сузана Спасовска - Има една земја (2015)

    ReplyDelete