20 November 2025

Геополитичка 2025: свет што официјално полуде

Во 2025 конечно стана јасно дека светот не оди во хаос — туку одамна е таму. Само сега сите престанаа да глумат дека постои ред. Големите сили си играат државна покер-партија без правила, а малите седат на масата и ги држат жетоните за првите.

1. САД: полициски час во сопствениот двор

Америка и натаму е најсилниот играч, но ова е првпат да не личи на себе.

Нешто како стар шампион кој сè уште има мускули, но нема кондиција.

Вашингтон се расправа сам со себе, а во меѓувреме се обидува да глуми глобален шериф на кој не му се слуша гласот како порано.

Слоганот за 2025 би бил: „Сè уште сме најсилни, ама дајте ни пет минути да се собереме!“


2. Кина: осмелена тишина

Кина не крши маси, не вика, не удира со чевли како Хрушчов.

Таа прави нешто многу пострашно: чека!

Чека светот сам да се смота, па да влезе таму каде што има простор.

Западот вика дека кинеската економија се забавува. Пекинг само клима со глава, го удвојува влијанието во Африка, ги врзува азиските соседи со трговија и полека, многу полека, го преобликува планетарниот пазар по своја мерка.

Ова не е „кинески век“. Ова е „кинеска метода“.


3. Русија: држава што ја претвори изолацијата во ресурс

Западот ја казни Русија — Русија се навикна!

И не само тоа — ја претвори казната во стратегија.

Стана јасно дека економските санкции имаат рок на траење како јогурт: ако не успеат веднаш, подоцна веќе не прават ништо.

Москва го преживеа шокот и се префрли на азиско дишење.

И во 2025 продолжува да игра игра во која никогаш не признава пораз, дури ни кога му се гледа. Тоа е нејзината најсилна и најопасна дипломатска алатка.4.