Пред околу две недели МАНУ ја објави првата енциклопедија издадена од нејзина страна! По повеќе од половина век постоење уважените господа собраа сили да напишат енциклопедија (која за разлика од онаа на Велија е напишана од највисоката државна научна установа, така да не би сакал да коментирам за пропагандата која тој и неговата псевдо фондација ја водат) и да ги вметнат своите научни сознанија и заклучоци во неа!
На мое големо разочарување морам да констатирам дека енциклопедијата е навистина разочарувачка! Најпрво ќе почнам да набројувам факти а потоа и да ги коментирам!
Како прво, во енциклопедијата стои дека Македонците (односно мнозинскиот народ во денешна Република Македонија) се народ со словенско потекло! Ако ја земеме оваа теорија за точна тогаш мислам дека веќе сме го решиле нашиот проблем со името! Всушност и Грците, но и Бугарите и Албанците и сите други кои го оспоруваат нашиот национален идентитет и не нарекуваат славо Македонци немаат проблем со името на државата туку со идентитетот на народот, односно тие тврдат дека сме славјански народ населен на територија на Македонија, или како што Бугарите тврдат Бугари населени на територија на Македонија.