Пред околу две недели МАНУ ја објави првата енциклопедија издадена од нејзина страна! По повеќе од половина век постоење уважените господа собраа сили да напишат енциклопедија (која за разлика од онаа на Велија е напишана од највисоката државна научна установа, така да не би сакал да коментирам за пропагандата која тој и неговата псевдо фондација ја водат) и да ги вметнат своите научни сознанија и заклучоци во неа!
На мое големо разочарување морам да констатирам дека енциклопедијата е навистина разочарувачка! Најпрво ќе почнам да набројувам факти а потоа и да ги коментирам!
Како прво, во енциклопедијата стои дека Македонците (односно мнозинскиот народ во денешна Република Македонија) се народ со словенско потекло! Ако ја земеме оваа теорија за точна тогаш мислам дека веќе сме го решиле нашиот проблем со името! Всушност и Грците, но и Бугарите и Албанците и сите други кои го оспоруваат нашиот национален идентитет и не нарекуваат славо Македонци немаат проблем со името на државата туку со идентитетот на народот, односно тие тврдат дека сме славјански народ населен на територија на Македонија, или како што Бугарите тврдат Бугари населени на територија на Македонија.
Со жалење морам да констатирам дека горе споменатите но и господинот Ристевски и останатите ко-автори не ја научиле лекцијата за мелтинг пот на еден народ, очигледно нив не им е познато дека секој народ има своја етно генеза, процес кој никогаш не запира! Јас во многу мои текстови сум наведол дека денешните Македонци се народ во чија етно генеза учествувале и античките Македонци и словените, но исто така и Германите (со оглед на тоа дека најголем дел од т. н. Крстоносни војски биле од германско потекло и добар дел поминале низ Балканот а со тоа и низ Македонија и при своето поминување тие силувале се женско и убиле се машко што им се нашло на патот!), потоа Турците Османлии (кои повеќе „зеле“ одколку што „оставиле“ поради својот обичај за одведување на убавите девојки) но и сите оние кои поминале низ Македонија и кои имале контакти со неа а тука спаѓаат и сите соседни народи!
Во контекст на досега кажаното би сакал да го потенцирам фактот дека денешните Египјани се народ од доминантно арапско потекло и никој не го оспорува тоа но сепак тие се нарекуваат Египјани и државата е призната како Египет иако и генетски и културно е останато многу многу малку од античките Египјани! Затоа би сакал да ги поздравам нашите „браќа“ Бугари и да им порачам, како што и самиот Паисиј Хилендарски пишува во својата Историја на славјано Бугарите од 1762 дека доколку тие го сменат својот идентитет во славјано Бугарски тогаш и јас би размислил за мојот, со оглед на тоа дека доколку би се прошетале низ Софија би виделе повеќе лица со типичен славјански изглед одколку во Скопје и со оглед на тоа дека средновековните Бугари биле народ од монгло-турската група на народи а гледајќи ги денешните од нив не гледам ни трага!
Тука би сакал да споменам и за навреденоста на Албанците не само од Македонија него и глобално за делови од енциклопедијата! Тие се навредиле од фактот дека во енциклопедијата се наведени имиња кои низ историјата но и денес се користат за нив како Шиптари (од Албанското Shqiptarë) потоа Планинци (термин кој се користи и за дел од Македонците – Горанци, но и за Црногорците, Шкотите – Highlanders и некои други народи во светот). Претерувањето на Албанците во овој поглед е навистина банално! Зошто јас би бил навреден доколку некоја енциклопедија наведе дека за време на Османо Турското владеење во Македонија, Македонското Христијанско население било нарекувано од страна на Турците како Каурско односно Каури!
Исто така би сакал да споменам за навредата од тоа што во енциклопедијата е напишано дека Албанците се населени на Балканот во 14 век! За нив би им порачал исто како и на академиците од МАНУ да седнат и да го проучат процесот на мелтинг пот односно етно генеза на еден народ, сепак јас не чуствувам потреба да се извинувам на некој кој мене ме нарекува славо Македонец!!!
За крај сакам да им порачам на сите злонамерници дека и покрај се оваа земја е Македонија и е земја на Македонскиот народ пред се, а за тие кои тврдат дека немаме знаме, грб и химна, тоа е затоа што тие тоа и го направија на државата, но народот знае кој е и кои се неговото име и неговите симболи!
No comments:
Post a Comment