16 September 2009

16ти Септември, денот на големите очекувања!

Денес е 16ти Септември, ден на кој пред 7 години огромен број Македонци се радуваа затоа што дошол Бранко на власт, ама сега бил променет ја научил лекцијата за овие 4 години (иако и тој беше во коалиција со Љупчо во широката владина коалиција, што значи дека не биле 4 години опозиција) па ете сега ќе не оправи, ќе не бидне колку-толку! Бранко настапи со ветувања кои изгледаа многу реални, а најважно од се вети по ЕДЕН ВРАБОТЕН ОД СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО!!! Не дека ветувањата не беа реални, туку едноставно Б. Ц. и компанија имаа побитна работа од спасувањето на Македонскиот народ од тешката економска состојба, остатокот од приказната го знаете! Овој народ нема да дозволи да му се се случи уште еден 15ти Септември, нема да дозволи некој да мисли дека постојано може да го лаже и да помине неказнето, а покрај тоа и да извлече огромна финансиска корист од тоа! Неможе секој во СДСМ да носи одговорност и Бучковски и Шекеринска и многу други само Бранко не, па уште сега и да нуди РЕШЕНИЈА! Во меѓувреме, Македонија е прогласена за 3 економски реформатор во светот и за 32 земја со најдобра бизнис клима, додека ВИЕ цело време говорите за лошата економска состојба и му кажувате на народот како ќе ја оправите работата КАКО ВО ВАШЕ ВРЕМЕ!!! На народот му доста од ВАС! Не само што сте бајати туку сте и прочитани! Она што знам е дека на Македонија и треба силна конструктивна опозиција, но исто така знам дека тоа не сте ВИЕ!!!

No comments:

Post a Comment