05 December 2010

Марш за нас? Дали?!

Пред три дена Бранко Црвенковски одржа прес конференција во која се огради од Велија Рамковски и порача дека маршот кој во овој момент се одвива не е за Велија и штитење на криминалот, дека овој марш не е за СДСМ туку дека „Овој марш е за вас (односно нас) и заради вас. Заради вашето достоинство, вашата слобода, вашето право на подобар живот, заради вашата иднина“.
Бранко беше човекот кој 15 години на еден или друг начин беше вклучен директно во власта во оваа држава и видовме до каде ја донесе! И во 2002 година Бранко ја спасуваше Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време се сеќавам, имаше една реклама која навистина изгледаше патриотски па дури и да се каже конзервативно. На својот митинг во таа 2002 година Бранко се фалеше со рекламата и велеше дека со неа доследно се презентира партијата, бидејќи „СДСМ е патриотска партија“! Така велеше тој, а народот поверува. Велеше дека овој пат ја научиле лекцијата, научиле од грешките и нема да ги повторат, но се покажа дека во тие четири години СДСМ направи поголема катаклизма него во претходните осум од своето владеење!!!
Денес Бранко повторно ја бара довербата на народот за да ја донесел СДСМ на власт бидејќи, како што на своето вчерашно интервју на А1 телевизија изјави, тој неморал да биде дел од следната влада на СДСМ, но СДСМ не може без него да дојде на власт?!
Дали е Бранко свесен дека тој е кочничарот на СДСМ? Дали е толку суетен да неможе да види дека на СДСМ треба да му се случи тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му се случи во 2004 година?!
Бранко е истрошен политичар и мене ми е навистина мило што тој е сеуште на чело на СДСМ бидејќи, фала му на Бога овој народ памети што се Бранко има направено и сум убеден дека нема да добие трета шанса! Од друга страна пак колку Бранко помага во одржувањето на мојата партија, ВМРО-ДПМНЕ на власт, толку СДСМ е слаб коректор на власта, што и баш не ми се допаѓа!
На Македонија и треба силна опозиција, силна но демократска, а СДСМ на чело со Бранко не е тоа!
За крај, дали овој марш е навистина за нас? Мислам не!

26 November 2010

А1 телевизија

Не знам дали Велија се труди толку, ама за оваа година тој и неговата А1 ми се некако омилена тема за обработка. Она кое што вечерва се случи пред А1 телевизија е навистина срамно. Организирани структури во државата се обидоа да исценираат полициски пуч и насилно превземање на А1 телевизија, за среќа вистината многу брзо излезе на виделина!

Велија Рамковски е човек кој што сака да се покаже себе си како успешен бизнисмен и визионер кој знае што е добро за овој народ, за жал Велија е само еден обичен манипулант и човек кој што парите ги прави со измами, манипулации и криминални трансакции.

Велија во 1997 година од Американскиот фонд за развој на медиуми зема 1,4 милиони долари наменски заем за подобрување на техничката опременост на А1 телевизија, пари кои тој ги троши за купување на замрзнати пилиња преку својата фирма „Вемакс“ само две недели откако ги земал парите, а со фиктивни фалсификувани фактури се обидува да ја прикрие оваа измама!

Велија во повеќе наврати се обидува да се прикаже себеси како единствена надеж за Македонските земјоделци, притоа вешто прикривајќи го својот дел од грабежот кој тој им го има направено! Велија Рамковски како сопственик на „Хедис“ остана должен кон „Сведмилк“ 1,8 милиони евра, пари кои ќе завршеа кај истите тие земјоделци!!!

Велија е најобичен преварант, исто како и оние кои ги има во секое маало, во секоја населба, кои пробуваат на ситно да ве зезнат за кутија цигари, за 50 денари, како оние кои една недела ќе се запишуваат во малската продавница па потоа ги снемува, со една разлика, Велија имаше повеќе среќа во животот, барем до сега! Ќе видиме како ќе го служи среќата понатаму!

Велија свесно се крие зад своите медиуми (А1, Време и Шпиц) и преку нив се обидува да го сокрие својот криминал. Велија свесно го спречува работењето на Управата за Јавни Приходи и со тоа директно го крши законот, а на крајот на сето тоа се труди да се прикаже себе си за жртва! Дали ќе дозволиме сето ова да му помине, мислам дека не!!!

25 November 2010

Позитивна дискриминација

Универзитетските професори се побунија поради тоа што заменик премиерот Абдилаќим Адеми и народниот правобранител Изет Меџити побарале правична застапеност во нивната афела. Не знам што е нејасно? Според професорите, проблем било тоа што за да биде професор требало квалификација и квалитет! Јас би ги запрашал, дали за да се биде доктор не треба квалификуваност?! Дали секој може да биде полицаец?! Дали за останатите држвни службеници не треба квалификација?!!!

Ова почитувани професори се вика позитивна дискриминација, систем со кој на факултетите се запишуваа студенти со многу послаб успех само затоа што не беа Македонци, додека Македонците останаа извисени! Дали мислевте досега дека Вие нема да дојдете на ред? Касно Ви текна!!!



20 September 2010

World War III

Пред околку една година започна сета фама околу 2012, за тоа како тоа ќе биде крајот на светот, за календарот на Маите и пророштвата на Нострадамус. Тогаш отприлика искочи и филмот 2012. Копајќи по интернет и барајќи нешто поконкретно случајно налетав на предвидувањата на Вангелија Пандева Димитрова или Вангелија Гуштерова или на сите нас позната како баба Ванѓа. Иако сум сигурен дека сите ја знаете како баба Ванѓа од Бугарија многу малку знаат дека Баба Ванѓа е струмичанка, т. е. таа е родена во Струмица.
Баба Ванѓа почина во 1996 година, но таа уште во 80-тите на минатиот век има дадено цела листа на пророштва се до крајот на светот, еве ви ЛИНК до сите нив! Она што мене ми боде очи е Ноември 2010, почеток на Трета Светска Војна, како и начинот на кој таа војна ќе започне и ќе се води, а тоа е како нуклеарна војна односно со нуклеарни напади од страна на Исламските екстремисти! Ако се земат во предвид и најновите извештаи на тајните и разузнавачките служби на Велика Британија и Франција каде што се вели дека заканите од терористички напади врз нивните главни градови не била никогаш поголема тогаш сето ова сценарио ми изгледа како многу веројатно!
Се надевам дека и ова предвидување на баба Ванѓа како и сите други апокалиптични предвидувања ќе бидат дел од многуте кои никогаш не се оствариле, а светот ќе продолжи да чекори кон просперитет и подобра иднина!

11 September 2010

Патот до вечноста!

Луѓето ќе направат се да ја достигнат бесмртноста, сепак досега не знам на некој да му успеало, затоа, свесни за тој факт тие се трудат да го направат вечно своето име и споменот за нив! Колку е тоа можно?! Кеопс ја изградил својата пирамида висока скоро 150 метри, досега таа е смалена за околу 10 метри поради ерозијата на камењата во изминатите четири и пол милениуми, точно така Пирамидата стои повеќе од 4500 години, можеби ќе стои уште толку, можеби и повеќе, но сепак за десетина илјади години и на неа ќе и дојде крајот а со тоа и на споменот за Кеопс, а токму тоа и е целта зошто е изградена!
Она што луѓето ги прави бесмртни не се градбите и големите дела, градбите стареат и се уриваат, делата низ историјата се забораваат па дури и извртуваат, она што луѓето ги прави вечни се нивните деца!!! Нашите деца во себе носат дел од нас и тој дел го оставаат на идните поколенија! Нашите потомци треба да бидат подобри и подобри а наша задача е да  се погрижиме за тоа!
Децата се тие што не прават бесмртни, тие се нашата најголема инвестиција и нашата иднина!!!

24 July 2010

А1 телевизија, повторно!

И како што можете да забележите по 3 месеци необјавен текст поради моите професионални обврски, повторно тема на мојов денешен текст е медиумот наречен А1 и неговиот сопственик и моја омилена карикатура Велија Рамковски!
А1 телевизија веќе година дена континуирано ја напаѓа Владата, ВМРО-ДПМНЕ како водечка партија и Премиерот Никола Груевски. Но до пред 2 години не беше така, А1 беше силен промотор на Владините политики, а Велија јавно се фалеше дека Груевски спроведувал негови проекти во земјоделието! Се започна со личната нетрпеливост помеѓу сопственикот на А1, гореспоменатата карикатура Велија Рамковски и уште еден медиумски сопственик, не помалку битен од првиот, сопственикот на Сител телевизија, другарот Љубислав Иванов - Ѕинго! Велија упорно го убедуваше Премиерот дека треба тој со неговата партија која беше толку моќна што не можеше да освои ниту едно пратеничко место да го замени Ѕинго и неговите социјалисти (кои да не влезеа во коалиција пред изборите сигурно ќе ги снајдеше истото), а Велија да го добие Министерството за земјоделие и да продолжи со спроведување на своите „проекти“!!!
Груевски не го прифати предлогот, а Велија не чекаше многу пред да почне да бара свој патрон и очекувано тоа беше староновиот лидер на СДСМ, лицето Б. Ц.
А1 почна јуришна битка против ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а спинувањето на информациите во негативна конотација не можеа да се споредат дури ни со спинувањето кое во позитива го прави спин мајсторот Драган Павловиќ - Латас, кој очигледно е прегазен од комуњарските полтрони на полето на презентација на информацијата на начинот на кој тие сакаат да ја прикажат!
Од тогаш резултатот е очигледен, па така деновиве имаме наслови од типот „Нема старт за преговори со ЕУ“, и текст како „Македонија ќе ги започне преговорите за членство со ЕУ во вторник. Ова ќе беше денешната ексклузивна добра вест доколку спорот за името беше решен, како што се надеваа сите 27 членки на Унијата“, сакајќи да се наметне мислењето колку ни е лошо и како одма треба на колена и да по.ушиме, да не преименувааат како сакаат, да ни го ба.нат по еднаш па се ќе биде супер!
А1 дури се претвори и заштитник на уапсените членови на СДСМ, па дури и на тие кои се обвинети за производство на дрога како самопрогласениот лидер на битолските фармери Душко Илиевски, па почна да прави разни анализи како на пример „А1 анализа за случајот на фармерот Илиевски“ во која со класичен спининг се обидува да се извртат фактите и да се стави целата тежина на тоа дека Илиевски бил најгласниот фармер против власта во случајот „Сведмилк“!
До каде ќе одат со ваквиот начин на дезинформирање на јавноста останува да видиме!

18 April 2010

А1 vs Скопје 2014

Денес повторно ги слушав вестите на А1 телевизија и сеуште на можам да сфатам како може некој да биде толку слеп и постојано да го напаѓа проектот Скопје 2014, не можам да сфатам како некој што толку се залага за Европска Унија и за вредностите кои таа ги промовира истовремено да се залага за ориентално-азискиот изглед кој Скопје го има добиено поради низа на околности.
Културните вредности кои владеат во ЕУ се вредностите кои низ вековите Европската христијанска цивилизација ги има изградено и тие е нејзино главното обележје! Англо-саксонската цивилизациска сфера е доминантна во светот и токму затоа англискиот е светски јазик.
Она на кое што Скопје денес личи е најблаго кажано копија на некој град во Мала Азија односно блискиот исток а многу помалку главен град на некоја Европска земја, па дури не може да се спореди ни со Софија и Белград, Атина па и Тирана!
Очигледно некои луѓе во државава не може да сфатат дека Турција четири децении се мачи да стане член на ЕУ не затоа што не може финансиски или институционално да одговори на барањата на ЕУ туку едноставно не припаѓа на европската културна сфера и Европа цинично и „културно“ наоѓа начин да го одложи нејзиното приклучување кон унијата.
Сакам да им препорачам на само прогласените експерти, квази интелектуалци и либерални соросоидни изроди дека доволна е дволичноста од страна на ЕУ кон нас и Турција, тие не мораат да помагаат во отежнувањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО!
Доколку сакаме Македонија да биде дел од унијата треба да ги дели не само нејзиниот монетарен, правен, одбранбен и незнам каков систем, туку најповеќе нејзината култура и вредности!

04 April 2010

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ

Сакам на сите да им го честитам големиот Христијански празник Велигден и да им посакам овој празник да донесе радост, среќа и љубов во нивните домови, животи и срца. За многу години, Христос воскресе!

03 March 2010

А1 „анал-итичко“ новинарство!

Еве еден класичен пример како А1 монтира случај, но и пример колку лесно се демонтира!

26 February 2010

На Ефтов во центарот!

Ќе му текне ли на некој веќе да го тргне Васко Ефтов од телевизија и да му објасни дека со извртување на фактите и премонтирање и сечење на говорите на соговорниците не се добива ништо!!!

Васко Ефтов во денешната емисија „Во центар“ ја обработува темата „Ѓорѓе Иванов“! Кои се мотивите за планското напаѓање на Васко Ефтов врз Претседателот на Р. Македонија знае само тој и оние од кои ги добива инструкциите, она што на сите нас ни е познато е дека неговите методи се најблаго кажано платенички!

Како прво, Ефтов го оспорува рејтингот на Претседателот, односно тврди дека тој има рејтинг 0%! Најпрво, по се изгледа дека господинот Ефтов или намерно ги извртува фактите или пак навистина не ги познава методите на кои се мери рејтингот на водечките личности во државата!!! Кога се даваат резултати за мерењето на рејтинзите за светските лидери на граѓаните на одредената земја не им е поставувано прашањето „На кој политичар најмногу му верувате?“ туку прашањето „Како би ја оцениле работата на одредениот политичар?“! Така прашањето се однесува конкретно на Обама и тој има рејтинг над 50%, или пак конкретно на Медведев и конкретно на Путин, затоа што кога би ги собрале рејтинзите на двајцата последни збирот би бил над 100%, што доколку се постави првото прашање „На кој политичар најмногу му верувате?“ не е возможно освен ако анкетата ја води Амди Бајрам!

Како второ, Ефтов упорно ги пласира од една страна така наречените антиквизаторски, а од друга страна србомански ставови на Претседателот и Премиерот, што освен него друг што сум го слушнал така да збори е лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов!

Како трето, Ефтов упорно се обидува да ги изврти зборовите на неговите соговорници кои не го кажуваат тоа што тој сака да го слушне (во конкретнава емисија пратеникот Иван Стоиљковиќ и господинот Паско Кузман и професорот Димитар Мирчев), прекинувајќи ги нивните изјави, монтирајќи ги и доведувајќи ги во контекст со изјавите на соговорниците кои му одговараат (во конкретниот случај Зоран Заев)!!!

Некој конечно треба да му објасни дека на ваков вулгарен и безобразен начин, со извртувањето на фактите не постигнува ништо!!!

17 February 2010

Скопје 2014

Скопје 2014 се претвори од проект на Владата на Р. Македонија во тема за препукување и навреди од страна на опозицијата и исламско-вахабитските структури до сите оние кои го поддржуваат проектот!
Пред неколку дена некои невладини организации и група на „спонтано собрани“ граѓани се собраа на не толку мирен протест на плоштадот Македонија за да го искажат своето незадоволство од изгледот кој Скопје треба да го добие! За тоа што групата на вахабити бараат изградба на џамија на плоштадот и бараат Скопје повеќе да личи на Кабул, Исламабад или слично наместо на Париз или Рим можам да разберам, но овие другиве, собрани во т. н. НВО „Плоштад слобода“, а под директна закрила на Сорос и СДСМ навистина не можам!
Изгледа беше во ред кога Мирослав Грчев го стави чирот наречен Лумукс на не повеќе од 10 метри од зградата на ЕСМ, но не е во ред кога Скопје конечно треба да заличи на Европски град! Изгледа беше во ред кога се подигна споменикот на Скендербег (за кој и јас немам ништо против бидејќи бил последниот Христијански водач кој се обидел да организира отпор против Османлиското напредување), но не е во ред да се изгради и на Александар, Јустинијан, Самоил и сите оние кои оставиле печат на оваа земја!
Ова е европска цивилизација, не азиска, а впрочем и мислам дека сме кандидати за членство во ЕУ!
Вие размислите какво сакате да го видите Скопје а јас тоа многу добро го знам! Размислете дали сакате да остане ваков кич каков што експериментот на Кензо Танге се претвори или пак сакате да изгледа како дел од европската цивилизација!